МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СКЛУЧИ ДОГОВОР СО ЕДЕН ОД НАЈДОБРО РАНГИРАНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ОД САД СПОРЕД ШАНГАЈ MICHIGAN STATE UNIVERSITY (MSU)

28. September. 2017 - 01:12


МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СКЛУЧИ ДОГОВОР СО ЕДЕН ОД НАЈДОБРО РАНГИРАНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ОД САД СПОРЕД ШАНГАЈ MICHIGAN STATE UNIVERSITY (MSU)
Меѓународниот Универзитет во Струга продолжува со унапредување на соработката со универзитети од САД. Во таа насока е и склучувањето на новиот договор за размена на студенти и студентски престој на Државниот Универзитет од Мичиген. 
Државниот Универизитетот од Мичиген е еден од најстарите универзитети во САД. Неговите корени датираат уште од далечната 1862 година. На универзитетот има повеќе од 200 студиски програми, на кои студираат повеќе од 35.000 студенти. 
Државниот Универзитет од Мичиген е еден од највисоко рангираните универзитети во светот. Во таа смисла, според рангирањето на Times Higher Education World University RankingsMSU e рангиран на високото 21 место во рамките на државните универзитети, односно на 41 место помеѓу сите универзитети во САД, и на 101 место глобално. На Шангајската листа на најдобри универзитети,Универзитетот од Мичиген континуирано е рангиран помеѓу најдобрите 100 универзитети во светот. 
Со склучувањето на овој договор, им се овозможува на студентите на МУС да одат на еден семестар или една година да студираат на MSU, по многу пониска школарина. Со тоа студентите ќе имаат можност да го посетат и да студираат на еден од најимпозантните и најголемите истражувачки центри во светот. 

31. December. 1969 - 17:00


Lajmet e fundit