ЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СКЛУЧИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО VIRGINIA INTERNATIONAL UNIVERSITY

28. September. 2017 - 01:10


МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СКЛУЧИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО VIRGINIA INTERNATIONAL UNIVERSITY
Меѓународниот Универзитет во Струга склучи Меморандум за Соработка со Virginian International University, од Вирџинија, САД. Со Меморандумот за соработка се предвидени основните области на идна соработка помеѓу двете високообразовни институции, помеѓу кои се размена на студенти и академски кадар, организирање на заеднички конференции, работилници, и друго. Покрај тоа со Меморандумот за Соработка се предвидува и отпочнување на соработка преку издавање на двојни дипломи, која дополнително ќе биде дефинирана со посебен договор, кој за таа цел ќе се склучи помеѓу двете институции. 
Virginia International University е приватна, непрофитна високообразовна институција, од САД. Основана е во 1998 година. Во склоп на универзитетот функционираат повеќе школи-департмани, од областа на економијата, политичките науки, компјутерските науки, јазиците, и друго. Универзитетот е особено познат по своите онлине студии. 

31. December. 1969 - 17:00


Lajmet e fundit