МУС СКЛУЧИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО TENNESSEE TECH UNIVERSITY

21. September. 2017 - 03:34


МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СКЛУЧИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО TENNESSEE TECH UNIVERSITY
 TENNESSEE TECH UNIVERSITY е еден од најстарите универзитети во САД, чии почетоци датираат уште од почетокот на минатиот милениум - 1909, кога е основан University of Dixie, како приватна високообразовна институција.  TENNESSEE TECH UNIVERSITY денес функционира како државен универзитет на кој студираат околу 10.000 студенти. Неговиот кампус е огромен и се состои од 96 згради. Универзитетот има акредитирано 44 програми на додипломски студии и 20 програми на последипломски студии. 
Меморандумот за соработка кој се склучи помеѓу Меѓународниот Универзитет во Струга и TENNESSEE TECH UNIVERSITY предвидува многу широка соработка, која покрај размена на студенти и академски кадар, предвидува и издавање на двојни дипломи и 2+2 програми.
Склучувањето на овој меморандум за соработка отвара многу можности за сите студенти на МУС, кои можат да се стекнат со диплома на високо рангиран универзитет од Соединетите Американски Држави. 

31. December. 1969 - 17:00


Lajmet e fundit