Универзитет од Сзегед

01. December. 2015 - 00:00


Универзитетот од Сзегед е единствениот универзитет од Унгарија кој се наоѓа на листата на 500 најдобри универзитети во светот според Шангај. Првите почетоци во развојот на универзитетот се појавуваат уште од 1581 година. Денес универзитетот функционира со 12 факултети од областа на уметноста, музиката, правото и политичките науки, економијата, земјоделството, информатиката, образованието, медицината, стоматологијата, фармацијата и здравствените науки. На универзитетот студираат повеќе од 30,000 студенти, а вработени се повеќе од 7000 лица, од кои над 2,200 се академски кадар. Голем број на познати професори и еминентни научници во текот на историјата го реализирале образовниот процес на Универзитот во Сзегед, но сепак најпознатиот е добитникот на Нобеловата награда Albert Szent-Györgyi, кој прв го изолирал Витаминот Ц. Универзитетот од Сзегед е познат по голем број на проекти, од кои најпознатиот проект кој е сеуште е во тек – проектот Extreme Light Infrastructure (ELI) ќе го направи Сзегед – дом на најголемиот центар за ласерска физика во Европа. 

31. December. 1969 - 17:00


Lajmet e fundit