Издавање на научни публикации

21. December. 2015 - 00:00


Еден од основните предуслови за квалитетна настава и совладување на предвидената материја по одредена област е поседување на соодветна литература. Во таа смисла Меѓународниот Универзитет во Струга, односно академскиот кадар на МУС активно работи на издавање на нови книги и научни публикации, кои ќе се користат од страна на студентите на МУС. Помеѓу другите публикации Меѓународниот Универзитет  во Струга ги има објавено и следниве изданија:

  1. МАКРОЕКОНОМИЈА

Проф. Д-р Анастас Анџели

Проф. Д-р Армен Кадриу

Доц. Д-р Алчи Начелари

-Книгата "Макроекономија" е наменета за студентите на МУС и има за цел да се стекнат студентите со детални знаења од областа на макроекономија.

Книгата е наменета за студентите на Факултетот за Економски Науки, но може да ја користат и студентите кои сакаат да се стекнат со поголеми знаења од областа на економијата, а кои студираат на другите факултети.

Книгата е поделена на два дела. Првиот дел ги третира теоретските проблеми  од областа на Макроекономијата, при што се анализираат монетарната и фискалната политика, инввестициите и другите макроекономски варијабли. Вториот дел содржи практични задачи и вежби, кои овозможуваат практично демонстрирање на знаењата кои студентите ги стекнале со совладување на теоретскиот материјал од првиот дел.  

2. БАНКАРСКИ МАРКЕТИНГ

Банкарски Маркетинг е уште една од лепезата книги издадени од страна на Меѓународниот Универзитет во Струга. Целта е книгата да послужи како учебно помагало за студентите на Факултетот за Економски Науки при МУС. Автори се:

Проф. Д-р Армен Кадриу

Проф. Д-р Анастас Анџели

Доц. Д-р Алчи Начелари

Книгата е напишана според најсовремените светски стандарди, односно по примерот на учебните помагала на универзитетите од САД и земјите од Западна Европа. Оваа книга покрај како учебно помагало може да се користи и како практично помагало за банкарските менаџери, референти и слично.  

 

3. ПРЕГОВОРИ И ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Проф. Д-р Шпетим Цами

М-р Дориан Лека

Оваа книга е специјално дизајнирана за студентите на Факултетот за правни и Факултетот за политички науки. Преговарањето е процес кој започнува од семејството, во општеството, во секојдневната работа, бизнисот, судот, образованието и секаде каде што има две или повеќе лица кои имаат заеднички интереси.

Глобализацијата е процес и појава што е позната на сите, можеби не како концепт, туку како секојдневна активност. Целта на оваа публикација е да обезбеди основни знаења за овие процеси, кои го придружуваат нашиот секојдневен живот. Книгата е поделена на два дела и содржи различни модули поврзани со уметноста на преговорите, како и примената на моделите на преговарање. Оваа публикација содржи и  теми за есеи кои ќе им помогнат на студентите да подготват научни трудови од областа на дипломатијата, политиката, итн.

 

4. МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ

Проф. Д-р Армен Кадриу

Доц. Д-р Флорида Вељаноска

Проф. Д-р Билјана Цигловска

Д-р Армен Кадриу, Д-р Флорида Велјаноска и Д-р Билјана Цигловска со своето истражување покажаа дека и од локолно ниво може сериозно да се делува и да се даде значаен придонес во глобалниот академски и научно-истражувачки развој.

Преку новата книга „Меѓународни Економски Односи“ која вчера излезе од печат, авторите дадоа нови хоризонти во проучувањето на меѓународната економија, за која се покажа дека има потреба и простор од истражување на новите тенденции и процеси. Оваа книга пополнува една празнина што постоеше во проучувањето на оваа научна област, но истовремено отвара и можности за нови истражувања од оваа област. Надополнувањето на недостатокот од истражувања на полето на меѓународната економија, но и обезбедување на учебник за студентите од економскиот и правниот факултет, се најголемите бенефити од излегувањето од печат на оваа книга.

Во рамките на книгата се интерпретира теоретскиот и категоријалниот опус на меѓународната трговија, меѓународните плаќања и меѓународното движење на капитал, технологија и работна сила - низ призмата на презентирање и објаснување на теоретско-историските детерминанти и развојот на меѓународната трговија, односно низ фокусирање и елаборирање на современите економско-политички перформанси на меѓународните економски односи и меѓународните финансиски текови.

Publishment