Институтот за Меѓународна Политика и Европианистика

30. November. 2015 - 00:00


Институтот за Меѓународна Политика и Европијанистика кој функционира во рамките на Меѓународниот Универзитет во Струга постои за да им обезбеди помош за вработените за да бидат подготвени да се соочат со предизвиците во процесот на приклучување во Европската Унија.

Мисијата на ИПЕС

"За да се придонесе за развој и демократизација на институциите и општеството и да се промовира процесот на европска интеграција, Институтот за Меѓународна Политика и Европијанистика ангажира врвен научен кадар, кој е еден вид на гаранција за ефикасно и професионално извршување на работите.

ИПЕС работи во областа на:

Основното мото на ИПЕС се зборовите на Роберт Шуман, кој вели:

"Неопходно е сите да бидат мотивирани од верувањето дека ние имаме потреба едни од други, без оглед на позицијата и моќта или силата која ја поседуваме".

Со оглед на цитатот погоре и по примерот на земјите-членки во Европската унија, институтот има за цел да допринесе за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, преку анализа на законите кои владеат во ЕУ, законите во Република Македонија и поттикнување на реформскиот процес, кој е услов за ЕУ интеграции.

Разбирајќи го значењето на НАТО и важноста на меѓународната безбедност,  институтот работи и на интегративните процеси на Република Македонија во НАТО. ИПЕС има за цел да ја поттикне јавната свет за елиминирање на најразличните видови на стереотипи, предрасуди и дискриминации. Институтот ги следи демократските принципи и помага во промовирање на европски вредности. Една од главните цели на Институтот е и заложбата за елиминација на сите форми на дискриминација.

Во рамките на Институтот се реализираат и последипломски студии во период од две години.


Просторните услови на ИПЕС

Покрај потребниот квалификуван кадар, институтот ги поседува сите неопходни просторни, технички и материјални капацитети за квалитетно извршување на истражувачките активности и за изработка на научни трудови. Во смисла на логистичка, техничка и просторна поддршка, ИПЕС ги следи  новите трендови во современото образование.

Директор на Институтот за Меѓународна Политика и Европијанистика е

М-р Еди Кела  (e.kela@eust.edu.mk).

 

 


IPES