ИНСТИТУТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЕКОЛОШКИ МЕНАЏМЕНТ

30. November. 2015 - 00:00


 

ВИЗИЈА И МИСИЈА

Секогаш ќе бидеме чекор напред од актуелната состојба, доволно далеку за да не може да нé надмине времето и доволно блиску за да можат да нé пратат нашите следбеници.

Институтот за економски развој и еколошки менаџмент е основан во текот на 2008 година, како научно-истражувачка иституција во состав на Меѓународниот Универзитет во Струга. Основната дејност на Институтот е научно-истражувачката работа од областа на економските науки, менаџментот на животната средина, оспособување и усовршување на научно-истражувачките кадри, создавање и развој на научно-истражувачка инфраструктура, издавачка дејност, како и други активности непосредно поврзани со основната дејност.

Институтот за економски развој и еколошки менаџмент, ќе се развива како водечка научно-истражувачка институција во процесот на создавање и пренос на знаењето и искуството со цел управување со динамичниот и одржлив економски развој на земјата, употребувајќи еден проактивен пристап во однос на окружувањето и процесите на транзиција. Во рамките на Институтот е организирано и вршење на последипломски студии, како магистерски студии во траење од две години.

Научно - истражувачките активности се спроведуваат во согласност со потребите на динамичниот економски и општествен развој. Институтот за економски развој и еколошки менаџмент несебично ги става на располагање своите професионални и советодавни услуги од областа на корпоративната стратегија, финансиите, изработка на бизнис планови, студии и пазарни анализи, анализи и мерки за заштита на животната средина, како и развој и унапредување на истата, едукација на кадри и друго.

НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКИ ТИМ

Институтот за економски развој и еколошки менаџмент здружува стручни лица и експерти од областа на макро и микро економијата, развојот на човечките ресурси, деловното работење, екологијата и развојот на животната средина, интегративните процеси и ЕУ и меѓународната економија.

 

Институтот создава и работни тимови за различни видови на обука, помош и асистенција во работата на компаниите и другите институции, со цел постигнување на ефективност во донесувањето и имплементацијата на новите правила и регулативи во процесот на развој на пазарната економија.

 

 


IEDEM