ПОСЕТИ

21. December. 2015 - 00:00


Со цел подобро да ги информира потенцијалните студенти – матурантите за реалните можности и услови за студирање, МУС традиционално, секоја година организира посети на матурантите на кампусот на МУС. Сите трошоци поврзани со посетата на матурантите се покриени од страна на Меѓународниот Универзитет во Струга. Матурантите се примаат од страна на вработените во одделот за кариера, а имаат можност и да се сретнат со професорите и останатите членови на академскиот кадар на МУС. На овој начин матурантите имаат можност сами да се уверат во просторните капацитети, опремата, академскиот кадар и другите услови потребни за квалитетно одвивање на наставата, со што им се овозможува да го најправат најдобриот избор за продолжување на нивното образование.

 Во изминатиот временски период МУС беше домаќин на повеќе од 7.000 матуранти. За 2016-2017 година е планирано оваа бројка драстично да се зголеми, преку вклучување на поголем број на училишта од регионот, така што повеќе од 1,000 матуранти ќе можат да го посетат кампусот на МУС оваа година.

Покрај организираните групни посети, сите заинтересирани матуранти и родители, може да дојдат од понеделник до сабота во периодот од 8:30 до 16:00 часот и да го посетат Меѓународниот Универзитет во Струга, како би се увериле во капацитетите на МУС, но и би ги добиле сите потребни информации околу студирањето на МУС. 

Lajmet e fundit