Библиотека на МУС

11. December. 2015 - 00:00


Студентите при Меѓународниот Универзитет во Струга на располагање имаат и богата библиотека, која поседува огромен број на наслови кои се потребни за реализирање на студиските програми, но и за стекнување на пошироки знаења од областа на правото, економијата, политиката, информатичката технологија и други науки. Со оглед на фактот што МУС нуди настава на повеќе јазици, универзитетската библиотека располага со стручна литература на македонски, албански, англиски и турски јазик.

Огласно со најновите образовни трендови литературата е достапна во печатена и во електронска форма.

Во склоп на библиотеката студентите на располагање имаат и читална,  која може да ја користат во текот на денот за да се подготват за предавања и вежби, но и за реализација на научни истражувања и семинари и подготовка на научни трудови.


Lajmet e fundit