Оддел за Односи со Јавноста

21. December. 2015 - 00:00


Одделот за односи со јавноста ги следи соверемените текови односно се стреми да изгради цврсти односи со организациите на национално, меѓународно и локално ниво и сето тоа го извршува преку обезбедување на континуиран проток на информации до сите медиуми и јавни гласила со цел да биде отворен и транспарентен кон заедницата.

Одделот за односи со јавноста при МУС преку својот професионален кадар, како и со технологијата со која располага е свесен за одговорноста и денешните потреби и има за цел да го пренесе културното и научното наследство и да ја информира пошироката јавност за својата работа и достигнувања.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ:

  • За демократско и партиципативно работење при носењето на одлуки да се вклучат правни и физички лица
  • Ефикасно и квалитетно користење на ресурсите.
  • Тимска работа почитувајќи ги етичките правила и посветеност во работењето.
  • Меѓусебните односи се градат врз взаемна почит како во институцијата, така и надвор од неа.
  • Создавање на мрежа за размена на информации меѓу сите единици во рамките на Универзитет.

МИСИЈА:

  • За транспарентно работење главна внатрешна таргет група на секторот се студентите, академскиот и административниот кадар, родителите, а надворешна таргет групи се граѓаните на Струга, институциите во Република Македонија, другите високо образовни институции, медиумите, организациите и здруженијата, професионалните институции, локалната и централната власт, државните и приватните организации кои работат во полето на образованието.
  • За квалитет и транспарентност во работењето секторот е во постојана комуникација со медиумите, организира прес конференции, праќа редовни известувања за својата работа со цел да ја информира пошироката јавност за работата и активностите на универзитетот.

 

ВИЗИЈА:

  • Визијата на одделот за односи со јавноста е да изгради департамент за своите таргет групи кој ќе соодејтвува со културата на Меѓународниот Универзитет во Струга и ќе ги поддржува целите и плановите на универзитетот односно континуирано напредување на  квалитетот и академскиот напредок и сето тоа ќе го извршува во соработка со сите единици на универзитетско ниво. Секако дека при своето работење користи евалуација и мерења што придонесува за водење на статистика.
  • Одделот за односи со јавноста од самиот почеток на своето работење се стреми студентот да може да одлучува врз основа на релевантни статистички податоци, како и континуирано да се подобрува работата врз основа на статистика и анализа на истата.
  • Одделот за односи со јавноста работи во две главни насоки и тоа: добро познавање на потребите од таргет групата и фокусирање кон точно и јасно праќање на пораки што е од голема важност за добивање на повратни информации.

 

Lajmet e fundit