Администрација на МУС

14. December. 2015 - 00:00


Одделот за административни услуги при МУС работи во согласност со Статутот и Правилникот за внатрешна организација на администрацијата на МУС, кој е одобрен од страна на Управниот одбор на Меѓународниот Универзитет во Струга. Според Статутот, администрацијата  е одговорна за стручни, административни и технички услуги во врска со:

1. Образование, научни истражувања и административни работи;

2. Администрација на различни постапки кои се однесуваат на студиите;

3. Менаџмент на персоналот;

4. Управување со правните работи;

5. Универзитетски  план за развој;

6. Сметководство и финансии;

7. Чување на документација;

8. Архива;

10. Електронски систем на управување;

11. Централната база на податоци;

12. Други активности на администрацијата на Универзитетот.

Одделот за административни работи при МУС е раководен од генералниот секретар на Универзитетот. Генералниот секретар ги има правата и должностите утврдени со Закон, Статутот и другите општи акти на Универзитетот.

 

Генерален секретар на Универзитетот:

  • се грижи за подготвување и обработка на материјали за седниците на Ректорската управа и Сенатот, како и за подготвување на одлуките и оштите акти што ги донесуваат овие органи и тела;
  • го застапува Универзитетот во имотните и во другите правни работи;
  • се грижи за исполнување и извршување на обврските на Универзитетот во соработката со соодветните државни и општински органи и тела, надлежни за образование и наука;
  • се грижи, во рамките на своите овластувања, за остварување на соработката на Универзитетот со универзитетите во земјата и во странство;
  • се грижи за уредноста и ажурноста во работата и подготвува други материјали, свикува и раководи со работни состаноци на Универзитетската стручна служба и со стручниот колегиум;
  • го следи извршувањето на одлуките и заклучоците на органите на Универзитетот и известува за тоа;
  • ја координира работата со секретарите, односно раководителите на единиците во состав наУниверзитетот за прашањата што се однесуваат на Универзитетот како целина;
  • врши и други работи што ќе му ги определи ректорот, односно проректорите на Универзитетот.

 

Администрацијата треба да создаде можности Универзитетот да биде во состојба да ги извршува обврските преземени во делот на наставата и научните истражувања во согласност со европските стандарди.

Одговорноста, комуникацијата и транспарентноста треба се основното мото на Одделот за администрација.

Lajmet e fundit