Размена на студенти

21. December. 2015 - 00:00


РАЗМЕНАТА НА СТУДЕНТИ СЕ ВРШИ ЗА ЕДЕН СЕМЕСТАР ИЛИ ЗА ЕДНА АКАДЕМСКА ГОДИНА.

Размена на студенти преку програмите за размена или преку билатералната соработка која МУС ја има со различни универзитети во светот може да се реализира доколку се исполнат долунаведените услови:

  • Доколку студентот аплицира за универзитет каде наставен јазик е англискиот, потребен е сертификат или препорака од професорот по англиски јазик за нивото на владеење на јазикот.
  • Листата на  универзитети со кои МУС има соработка можете да ја најдете на следниот линк: http://www.eust.edu.mk/index.php?cat=39
  • Откако ќе се одлучите на кој универзитет сакате да одите, треба да се обратите до канцеларијата за меѓународна соработка каде ќе ги започнат првичните процедури и разгледување на наставните програми, кредити, можности за сместување, начин на размена и слично.
  • Студентот има можност да ги искористи програмите за размена на студенти преку:
  • Програмите за размена ERASMUS, CEEPUS, MEVLANA или
  • Преку билатералните договори кои МУС ги има склучено со различни универзитети во светот

Доколку студентот се одлучи да ги искористи програмите за размена ја пополнува апликацијата, а потоа се стапува во контакт со канцеларијата за меѓународна соработка на универзитетот каде студентот сака да оди. Патните трошоци, сместувањето, храната, книгите и слично, се  покриени од фондовите од горенаведените програми. Доколку студентот се одлучи да се смести по свој избор надвор од понуденото, разликата во цена ја покрива самиот.

Доколку студентот се одлучи да ги искористи програмите за размена кои МУС ги нуди преку договорите за билатерална соработка, во тој случај можностите се различни во зависност од уловите наведени во договорот. Трошоците може да бидат целосно или делумно покриени или студентот ќе треба целосно да ги сноси и да ја искористи програмата со самофинансирање.

 

Student exchange