Повик за трудови

15. November. 2016 - 00:00


Повик за трудови

Одборот за издавање на меѓународното научно списание “The Heritige, ве известува дека започна постапката за прибирање на научни трудови за бројот 18. Овој број ќе излезе од печат на крајот на месец Декември,  2017 година.

Основната карактеристика по која нашето научно списание се издвојува од останатите е тоа што ние промовираме нови вредности и главниот акцент го ставаме на науката и знаењето. Научното списание "The Heritige" е отворено за сите оние кои сакаат да дадат научен придонес преку нивните студии и да влијаат врз другите во општеството. Ги покануваме научните работници од областа на економијата, правото, политичките науки, информатичката технологија, образованието, екологијата и другите научни области да одговорат на оваа поканата, најдоцна до 30 Ноември, 2017 година.

Во продолжение се дадени сите податоци поврзани со критериумите кои треба да се почитуваат при изработка на научните трудови, број за контакт и барање на дополнителни информации, информации околу плаќањето и слично.

Критериуми на списанието

Сите научни трудови кои се објавуваат во научното списание "The Heritage" мора да бидат во согласност со стандардите на албанскиот, македонскиот и англискиот јазик. Целиот ракопис, вклучувајќи го и апстрактот,  листата на референци и сите табели, треба да бидат со големина A4, со проред  (1.5), со 12 фонт Times New Roman. Трудот треба да започне со насловна страница, која вклучува наслов на трудот, име/имиња на авторот(ите), институција и адреса за кореспонденција , e-mail адреса, 3 до 5 клучни зборови. На втората страна треба да се стави насловот на трудот и апстрактот, а потоа да се продолжи со содржината на трудот. Трудот треба да има 6 до 10 компјутерски страни. Може да се внесуваат и фусноти на крајот од страницата или на крајот од текстот, но во секој случај, се бараат референци. Авторите се советуваат да не употребуваат фигури. Ако постои причина да се вклучат фигури, авторите треба да достават оригинални електронски копии во EPS, TIF или JPG формат со висока резолуција. Доколку се вклучат табели, истите треба да бидат изработени во Word, а не во Excel.

Апстрактот треба да биде испратен или предаден на англиски јазик, без оглед на јазикот на кој кандидатот избрал да го пишува научниот труд.

Електронската верзија на секој број од списанието е објавена на официјалната интернет страница на Меѓународниот Универзитет во Струга (eust.edu.mk )

Печатената форма на списанието може да се земе во канцеларијата на уредникот (s.lacka@eust.edu.mk).

Сите автори ги молиме да извршат уплата за објавувањето на научниот труд, бидејќи во спротивност истиот нема да биде објавен. Исто така ги молиме авторите откако ќе извршат уплата, да испратат скенирана копија од уплатата на емаил:  financial@eust.edu.mk

 

Информации околу уплатата:

1.Котизација за објавување на еден труд  изнесува 100 евра.

2. За плаќања надвор од  Република Македонија служи бројот на сметката Свифт, што е подолу даден. Какао цел на дознака треа да стои - Плаќање за Heritage.

Payment instrucrion for EUR :

Payment to be effectede through swift: KRSKMK2X                                                                                             

Beneficiary Bank: ALPHA BANK AD Skopje

Beneficiary name: MEGUNARODEN UNIVERZITET vo Struga

Beneficiary address: Struga, Ezerski Lozja 1

IBAN code: MK07280102000431352 

Payment instrucrion for USD

Payment to be effectede through swift: KRSKMK2X                                                                                             

Beneficiary Bank: ALPHA BANK AD Skopje

Beneficiary name: MEGUNARODEN UNIVERZITET vo Struga

Beneficiary address: Struga, Ezerski Lozja 1

IBAN code: MK7280102000431449

За трудови пратени од кандидати од Република Македонија : 

Информации за уплата

  1. 1.     Котизацијата за објавување се плаќа по труд и изнесува 100 евра

2.ALPHA BANKA AD SKOPJE, број на сметка: 280117102258338

 3. UNI BANKA AD SKOPJE, број на сметка: 240230001908444

 4. На име на МУС Струга

Кога ќе испраќате скенирана копија од уплатата, ве молиме да доставите и поштенска адреса на која сакате да ви биде испратена печатената верзија од списанието.

- See more at: http://eust.edu.mk/index.php?cat=45#sthash.JJXhz9eq.dpuf

Lajmet e fundit