12. February. 2016 - 00:00


EURAS - ЕВРОАЗИСКА УНИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТИ

Евроазиската Унија на Универзитети е со седиште во Истанбул, Турција и е основана во 2009 година. Во моментов во Евроазиската Унија на Универзитети членуваат повеќе од 80 универзитети од Европа, Азија и Среден Исток. 

Во изминатиот временски период ЕУРАС има реализирано голем број на проекти, научни конференции, семинари и слично.

 

CUAM  - Конзорциум на универзитети од Африка и Медитеранот, со седиште во Италија

CUAM  е конзорциум во кој членуваат 72 универзитети од Европа, Азија и Африка. Основната функција на CUAM е промовирање на научната соработка помеѓу универзитетите - членки на конзорциумот, организирање на научни семинари, конференции, подготовка на научни студии и проекти, како и унапредување на работата на универзитетите според Европските стандарди и критериуми.

 

 

Центар за развој на Југозападен плански регион

Со цел да придонесе за остварување на стратешките цели и задачи на регионалниот развој, Меѓународниот Универзитет во Струга потпиша меморандум за соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион. Заедничката соработка е во насока на зајакнување на локалниот и регионалниот развој, како и во насока на поддршка на развојот на оддржливи проекти со кои се поддржува севкупниот прогрес на југозападниот регион.

 

Министерство за образование и наука на РМ

Министерството за образование и наука на Република Македонија има општествена одговорност да обезбеди услови за развој на образованието и да создаде можности за благосостојба на сите граѓани. Ефектите на превземаните активности од ова министерство се создавање на силни и трајни вредености кои директно се одразуваат врз животот на граѓаните.

 

British Business Group (BBG)

British Business Group постои со цел да ги олесни трговските врски помеѓу Република Македонија и Велика Британија и служи како пример за добра бизнис практика. Задача на BBG è и да врши олеснување на разбирањето на специфичните индустриски стандарди.

 

EBC*L

Меѓународниот Универзитет – Струга е акредитиран од EBC*L испитниот центар. EBC*L е широко признаен и докажан центар кој атестира сертификати со кои се потврдува дека имателот на сертификатот ги поседува клучните, соодветни и потребни услови за да ја извршува конкретната работа за кој го добил сертификатот. Понатаму тоа е и потврда дека имателот на сертификатот можe да учествува во економскиот живот, да управува со одделни департаменти, да носи деловни одлуки, да контролира и управува со финансиските текови и да користи нови бизнис технологии.

 

HyGrade International

Hy Grade International е добро позната, признаена и докажана консултантска групација чии способности и искуство се состојат во помагање на институциите во делот на нивното успешно остварување и извршување на задачите во конкретната област во секоја фаза од нивното постоење, независно дали станува збор за раст, променети услови на работење, напори за подобрување или развој.

Lajmet e fundit