16. February. 2016 - 00:00


 

London City College

LondonCity College е меѓународен колеџ кој е признат од страна на Британскиот Акредитационен Совет како Независна високообразовна институција. Колеџот е основан во 1982 година.

 

Schiller International University

Меѓународниот Универзитет Schiller е приватен Американски Универзитет кој што има седум кампуси во шест држави. Кампусите се сместени во Лондон, Велика Британија; Париз и Стразбург, Франција; Мадрид, Шпанија; Хеиделберг, Германија; Лејсин, Швајцарија; и Ларго, Флорида. Основан е во 1964 година од страна на Д-р Walter Leibrecht како странска студиска програма за американците во Германија. Колеџот денес нуди додипломски и последипломски студии во повеќе од 100 држави. Повеќето кампуси на Schiller се сместени во или во близина на главните градови каде се нудат бројни културни програми кои им нудат многу можности на студентите за коситење на слободното време. Универзитетот е посебен заради тоа што им овозможува на студентите да се трансферираат од еден во друг кампус, од една во друга држава, а во исто време да останат на истиот Универзитет без да губат време или пари.

 

University of Tirana

Универзитетот од Тирана е првиот универзитет во Албанија кој е основан 1957 година како Државен Универзитет. Универзитетот тогаш во свои рамки вклучувал пет висообразовни институции. Бројот на запишани студенти е 14 000, а бројот на академскиот персонал е 600. Ректор од 2008 година е Дори Куле ( Dhori Kule). Меѓународниот Универзитет во Струга во соработка со Универзитетот од Тирана на студентитите им овозможува добивање на дополнителни квалификации и дипломи, односно студентите имаат можност да добијат универзитетска диплома и од страна на Универзитетот од Тирана.

 

Fama University in Kosovo

Меѓународениот Универзитет во Струга има потпишано меморандум за соработка со Универзитетот Фама- Косово. Оваа соработка предвидува взаемна поддршка за развој на образованието и науката.

 

New York University-Skopje

Меѓународениот Универзитет во Струга има потпишано договор за соработка со New York University- Skopje. Оваа соработка предвидува взаемна поддршка за развој на квалитетот на образованието и науката преку:

  • Размена на наставен кадар,
    • Заедничка промоција на Универзитетите,
    • Заеднички проектни активности на студентската унија.

 

ADA - Albanian Diplomatic Academy

Меѓународниот Универзитет во Струга има потпишано договор за соработка со Албанска Дипломатска Академија (ADSH). Помеѓу двете иституции постои одлична меѓусебна соработка и поддршка во секој аспект. Студентите кои студираат во Меѓународниот Универзите во Струга имаат можност за доквалификација и обучување од страна на врни дипломати како што се проф.д-р Лисен Башкурти, проф.д-р Башким Рама и многу други врвни и значајни дипломати и амбасадори. Можност за обука имаат сите студенти при Меѓународениот Универзитет во Струга кои на крајот на обуката добиваат сертификати кои се од голема полза за понатамошниот развој на својата професионалната кариера.

 

Медитерански Универзитет (Mesdhetar) во Албанија

Меѓународниот универзитет во Струга има потпишано договор за соработка со Албанската Академија за Науки, чие седиште е во Тирана. Академијата за Науки е најважниот научно истражувачки центар во Република Албанија. Меѓу институционалниот договор склучен помеѓу Академијата за Науки на Република Албанија и Меѓународниот Универзитет во Струга се состои од меѓусебна соработка, размена на стручен и академски кадар, научно истражувачка дејност , како и други заеднички проекти од областа на науката.

 

 

Univerzitet "Džemal Bijedić", Мостар

Универзитетот “Џемал Биједич“ е државен универзитет од  Мостар – Босна и Херцеговина, основан 1977 година. Во склоп на универзитетот функционираат осум факултети, и тоа: Факултет за деловен менаџмент, Правен факултет, Машински факултет, Градежен факултет, Педагошки факултет, Факултет за информатички технологии, Факултет за хуманистички науки и Агромедитерански факултет. На универзитетот предавања изведуваат повеќе од 220 професори и соработници годишно, и истиот запишува околу 12.000 студенти во текот на една студиска година.

 

Ordu University 

Орду Универзитетот е еден од најпознатите и најреспектираните универзитети во Турција. Основан е во 2006 година, со спојување на два врвни универзитети од Турција Ondokuz Mayıs и Karadeniz Technical Universities. Иако станува збор за релативно млад универзитет, Орду универзитетот зад себе има акумулирано огромно искуство, кое е резултат на успешното минато и врвниот кадар, кој овој универзитет го наследи од универзитетите од чие спојување настана. Денес, во рамките на Орду Универзитетот функционираат 10 Факултети, 3 Институти,3 Виши школи и 10 виши стручни школи.

 

Adnan Menderes University

Универзитетот е основан во 1992 година и денес важи за еден од најпознатите и најдобро опремените образовни кампуси не само во Турција, туку и пошироко. Универзитетскиот кампус се протега на 4.500м2, и во негови рамки покрај другото функционираат и 36 студентски клубови, наменети за забава и рекреација на студентите. Во рамките на факултетот функционираат 3 Институти и 7 Факултети.

 

Стручен колеџ “ARGENT”

KOLEGJIT PROFESIONAL “ARGENT”е приватна високо образовна институција, основана во 2012 година во Скадар, Албанија. Во рамките на колеџот функционираат 5 студиски програми на додипломски студии.

 

Universiteti “Iliria” 

Universiteti “Iliria” започна со работа во 2007 година, во Тирана, Република Албанија. Станува збор за реномирана високообразовна институција, во чии рамки функционираат Факултетот за Правни науки, Факултетот за Политички науки и Факултетот за Економски науки.

 

Akademia Ushtarake "Spiro Moisiu", Тирана

Високо образовна институција, акредитирана за последипломски и докторски студии. Академијата располага со врвен стручен кадар, и  е високо почитувана и ценета не само во Република Албанија, туку и пошироко.

 

State University of Novi Pazar

Универзитетот од Нови Пазар е реномомирана високо образовна институција од Република Србија, која е основана во 2006 година. Универзитетот организира студии на трите циклуси на студии - дипломски, последипломски и докторски студии. Во рамките на Универзитетот функционираат три факултетити, во чиј склоп работат 10 департмани.

 

International University of Novi Pazar

Универзитетот е основан во 2002 година, при што денес се смета за една исклучително реномирана образовна институција. Во рамките на универзитетот функционираат 6 департмани.

 

Trakya University, Edirne

Trakya University започнал со работа во 1982 година. Денес во склоп на универзитетот функционираат 4 институти, 12 факултети. Универзитетот располага со огромен кампус, преку кој на студентите им се нудат најсовремени услови за изведување на настава, сместување, забава и рекреација. Денес, универзитетот се смета за еден од најпознатите Европски универзитети.

 

Universiteti “Vitrina“, Тирана

Универзитетот Витрина е основан во 2004 година во Тирана. Универзитетот нуди додипломски студии на 7 факултети, кои функционираат во негови рамки.

 

Aleksander Moisiu University, Драч

Државен универзитет формиран во 2005 година, во Драч, Р. Албанија.  Универзитетот во свој состав има 5 факултети, преку кои нуди современа, врвна настава, компатибилна со европскиот систем на образование.

 

Kolegji Universitar “Biznesi”, Приштина

Приватна високообразовна институција, основана во 2004 година, во Приштина. Бројот на студенти во оваа установа континуирано расте, достигнувајќи 8,500 студенти. На студентите на располагање им стојат четири студиски програми на додипломски и мастер студии.

 

МИТ Универзитет,Скопје

Приватна високо образовна институција, во чиј состав функционираат осум факултети и воздухопловен колеџ.

 

АЛФА Универзитет, Белград

Алфа Универзитетот е првиот приватен универзитет во Република Србија. Зад себе има 20 годишно успешно работење и повеќе од 20 акредитирани студиски програми.  Алфа Универзитетот организира студиска настава на сите три циклуси на студии - додипломски, последипломски и докторски студии.

 

Лиепаја Универзитет, Латвија

Лиепаја Универзитетот е државен универзитет од Латвија, основан уште во далечната 1954 година. Станува збор за еден од најреспектираните универзитети не само во Латвија, туку и пошироко, во Европа. Наставата е организирана на трите степени на образование – додипломски, последипломски и докторски студии. Универзитетот има акредитирано повеќе од 30 студиски програми, на кои студираат повеќе од 20.000 студенти.

 

Тсенов Академија за Економија, Бугарија

Tsenov Academy of  Economics е една од водечките високообразовни институции во Бугарија. Во склоп на академијата функционираат 4 факултети, 18 департманти и повеќе истражувачки центри и институти. На академијата студираат повеќе од 10,000 домашни и странски студенти. Универзитетот нуди и distance-learning програми.

 

 

ИБС, Меѓународна Бизнис Школа, Љубљана

Меѓународната Бизнис Школа од Љубљана е приватна високообразовна институтуција која нуди три студиски програми по меѓународни бизнис студии. Во изминатиот временски период има развиено силна меѓународна соработка со голем број на универзитети од Европа, но и од САД и Канада.

 

Нов Бугарски Универзитет

Приватна високообразовна институција од Бугарија, основана во 1991 година. Во склоп на универзитетот функционираат поголем број на департмани и истражувачки центри. 

 

Универзитет "Неофит Рилски"

 Универзитетот Неофит Рилски е државен универзитет од Бугарија, кој е основан 1976 година. Најпрво универзитетот функционирал како филијала на Софискиот Универзитет, но од 1983 година, работи како самостојна високообразовна институција. Седиштето на универзитетот е во Благоевград. Денес универзитетот е рангиран како еден од најдобрите универзитети во Бугарија, кој секога година запишува огромен број на студенти. Во склоп на универзитетот функционираат 7 факултети и 1 колеџ.

 

Универзитет од сзегед

 Универзитетот од Сзегед, Унгарија се наоѓа на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот. Тој е еден од најголемите универзитети во Унгарија со приближно околу 30.000 студенти, повеќе од 12.000 вработени и со академски кадар од околу 2.200. Во рамките на универзитетот се организира настава на три циклуси  на студии - додипломски, последипломски и докторски студии.

 

Универзитет од Стерлинг, Дипломатска Академија од Лондон

Универзитетот од Стeрлинг е основан со Кралската Повелба од 1967 година, и е првиот нов универзитет формиран на територијата на Шкотска, по 1582 година, кога бил основан Универзитетот од Единбург. Се простира на огромна површина од 3.2 км, и се смета дека го поседува најубавиот кампус во светот. Во рамките на Универзитетот од Стирлинг функционираат 8 школи и 15 департмани. Само во академската 2013/2014 година на универзитетот се запишале повеќе од 11.000 студенти. Академијата за Дипломати од Лондон е најреномираната академија за дипломати во светот, која се наоѓа во срцето на Лондон. Во склоп на академијата има 3 студиски програми.

 

Универзитет од Фиренца

Универзитетот од Фиренца е една од најреномираните високообразовни институции не само во Италија, туку и во цела Европа. На Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот, котира на високото 200-то место. Станува збор за многу стар државен универзитет, чии корени датираат уште од 1321 година. Во склоп на универзитетот функционираат 12 факултети, и вкупно се запишани повеќе од 60,000 студенти.

 

REY(KING) JUAN CARLOS UNIVERSITY

Универзитетот Rey Juan Carlos се наоѓа во Мадрид, Шпанија. Тој е еден од најреномираните универзитети во Шпанија, и е втор според бројот на студенти во околината на Мадрид. Универзитетот го добил името по Кралот Хуан Карлос 1. Во склоп на универзитетот функционираат 4 кампуси. Универзитетот организира настава на три циклуси на студии - додипломски, последипломски и мастер студии. Нуди 64 студиски програми, 44 двојни дипломи, можност за студирање на англиски јазик, онлине студирање и друго.

 

ОДЛАР ЈУРДУ УНИВЕРЗИТЕТ, АЗЕРБЕЏАН

Одлар Јурду Универзититетот од Баку, Азербеџан е еден од најпознатите приватни универзитети во Азербеџан. Основан е во 1995 година и во негов состав функционираат 6 Факултети и 8 центри. Универзитетот во изминатиот период има развиено широка мрежа на меѓународна соработка, вклучително и соработка во полето на издавање на двојни дипломи. Покрај со другите универзитети, Одлар Јурду Универзитетот има склучено договор за соработка и издавање на двојни дипломи и со Меѓународниот Универзитет во Струга.

 

JAUME 1 UNIVERSITY

Jaume 1 универзитетот е еден од најпознатите униветзитети во Шпанија. Всушност станува збор за најдобро рангираниот универзитет во Валенсија. Унуверзитетскиот кампус се протега на 176.000 м2 и на него студираат 150.000 студенти. На универзитетот функционира еден од најразвиените истражувачки центри во Шпанија, а членови на академскиот кадар на Jaume 1 се вкучени во листата на најмногу цитираните автори на светот.

 

СТИНГ АКАДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

Академијата СТИНГ е првиот приватен универзитет во Брно, кој е основан во 2000 година. Универзитетот има акредитација за организирање на настава на прв и втор циклус на студии. 

Во изминатиот период Академијата СТИНГ има добиено поголем број на признанија и награди, помеѓу кои и признание за најдобро МСП во Брно, а во 2015 и престижната награда за најдобар приватен универзитет во Чешка.

 

УНИВЕРЗИТЕТ ОД КАЛИФОРНИЈА – ИРВИН

Универзитетот од Калифорнија – Ирвин е рангиран како 3 најдобар државен универзитет во САД според Money Magazine. Покрај тоа, Times Higher Education го рангира Универзитетот од Калифорнија-Ирвин како 4 во светот, односно 1 во САД помеѓу универзитетите кои се помлади од 50 години. Покрај овие признанија, универзитетот од Калифорнија - Ирвине е контиунирано високо рангиран и на Шангајската листа на најдобри универзитети, каде се наоѓа помеѓу 40-50 место. Во изминатиот период тројца професори на Универзитетот од Калифорнија - Ирвин се добитници на Нобелова награда. Вкупниот број на студенти изнесува околу 32,000, со околу 9.700 вработени. Универзитетот од Калифорнија - Ирвин овозможува студирање на приближно 200 студиски програми на додипломски, мастер и докторски студии. Кампусот се простира на 1,500 акри, и е во непосредна близина на брегот на Пацифичкиот Океан.

 

KAROLY ROBERT COLLEGE, Унгарија

KAROLY ROBERT е државен колеџ, кој е основан уште пред 55 години. Колеџот има акредитација за организирање на дидипломски и последипломски студии од областа на менаџмент, бизнис, сметководство, финансии и лидерство.

 

УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД СПЛИТ, ХРВАТСКА

Универзитетот од Сплит е основан во 1974 година и во негови рамки функционираат 13 факултети и 124 студиски програми. Универзитетот има акредитација за сите три циклуси на студии - додипломски, мастер и докторски студии. Има повеќе од 1,500 членови на академскиот кадар и повеќе од 20,000 студенти. Универзитетот има развиено многу богата меѓународна соработка со голем број на врвни универзитети во светот, а член е и на најреспектираните меѓународни асоцијации на универзитети.

Lajmet e fundit