Konkurs

klikoni për dokumentin: Konkurs

04. April. 2016 - 00:00

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕT ВО СТРУГА

К О Н К У Р С

За запишување студенти на прв, втор и трет циклус на студии на студиските програми на Меѓународниот универзитет во Струга  во академската 2017/2018 година

СТРУГА

МАРТ, 2017

 

                     Врз основа на член 57 од Законот за високото образование (Сл.весник на Република Македонија бр.35/08, 26/2009, 99/2009, 115/10, 17/11, 51/11,123/12,15/13, 24/13, 41/14, 116/14, 130/14, 10/15, 20/15, 98/15, 145/15, 154/15, 30/16 и 127/16) и член 140 од Статутот на Меѓународниот универзитет во Струга, Ректорската управа на Меѓународниот универзитет во Струга на седницата одржана на  24.02.2017 донесе одлука за објавување на конкурс за запишување на студенти на прв, втор и трет циклус на студии. Врз основа на Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и во согласност со одлуката од седницата на Ректорската управа на Универзитетот за определување на бројот на студентите за запишување на прв, втор и трет циклус на студии во академската 2017/2018 година се предлага следниот број на студенти:

 

  1. I.   ПРВ ЦИЛКУС НА СТУДИИ 

 

1.  Број на студенти за академската 2017/2018 година 

Редовни студии на Македонска диплома

Јазик на студии

Место на студии

Цена на студии по семестар

Редовни студии на двојна (Американска) диплома

 

АЛБ

МАК

АНГ

ТУР

Full-time

Part-time

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ

 

 

Правосудни студии

 

450

СУ; ГВ

1900

2400

15

Криминалистика и детективи

450

СУ; ГВ 

1900 

2400 

 

Јавна администрација

90

СУ; ГВ 

1900 

2400 

 

ВКУПНО

1005

 

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ

 

 

Економија и бизнис

150

СУ; ГВ 

1900

2400

 

Маркетинг и финансиски менаџмент

300

СУ; ГВ 

1900 

2400 

15

ВКУПНО

 

465

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ

 

 

Дипломатија и меѓународни односи

200

СУ; ГВ 

1900 

2400 

15

ВКУПНО

 

215

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

 

 

Компјутерски науки

90

СУ; ГВ 

1900 

2400 

15

Архитектура и дизајн**

215

СУ

1900 

2400 

 

ВКУПНО

 

320

 

 

 

 

                 

 

**Студиската програма по Архитектура и дизајн е во тек на добивање Решение за почеток со работа преку Државeн Управен Инспекторат

 

*Согласно член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Високо Образование (Сл.Весник на РМ. бр. 17/11), наставата за најмалку 2 студиски програми за прв циклус на академски и стручни студии задолжително се изведува и полага на англиски јазик. Според тоа, на студиските програми по Јавна Администрација на Факултетот за Правни науки и Финансиски менаџмент на Факултетот за Економски науки, по 20 студенти ќе можат да следат и полагаат настава на англиски јазик.

 

I.          Услови и критериуми за запишување

Право на запишување на додипломски студии имаат кандидати со заврше­но четири­годишно средно образование или образование соодветно на тоа, како и кандидати кои своето средно образование го завршиле надвор од Р. Македонија. Странски државјани се запишуваат на студиите под истите услови како и државјаните на Р. Македонија.

 

По исклучок, особено талентирано лице може да запише студии на факул­тетите од областа на уметностите иако нема завршено четири­годишно средно образование, под услов тоа да го стекне до крајот на втората година на студиите, под услови утврдени со статутот на факул­тетот.

 

Доколку во првиот уписен рок не се пополни бројот на студенти предвиден со овој конкурс, тогаш право за запишување во вториот и третиот уписен рок (освен оние што ја положиле државната матура) имаат и кандидатите од средните училишта кои ја положиле училишната матура и кандидатите од средните професионални училишта кои го положиле завршниот испит.

 

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватно на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватно на тоа надвор од Р. Македонија  имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.

Кандидатите се запишуваат како редовни или како вонредни студенти со финансирање на студиите.

 

  1. Познавање на јазици

Кандидатите ќе бидат тестирани за нивните знаења за степенот на познавање на англискиот јазик. Ова тестирање нема елиминаторен карактер, но е потребно само за одредување на степенот на познавање на англискиот јазик.

 

III. Рокови  за  пријавување 

РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ

- 2017/18 Г. -

I УПИСЕН РОК

II УПИСЕН РОК

III УПИСЕН РОК

ВИД НА СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

 

со провер­ка  на знаења и умеења

без проверка на знаења и умеења

со провер­ка  на знаења

и умеења

без проверка на знаења и умеења

без проверка на знаења и умеења

Пријавување на кандидатите

21.08 -31.08

21.08 -31.08

18.09 – 29.09

18.09 – 29.09

25.10 – 29.10

Објавување прелиминарна листа

7 септември

7 септември

3 октомври

3 октомври

02.11.17

Објавување решение за прием на кандидатите

11 септември

11 септември

04.10.17

04.10.17

03.11.17

Запишување на кандидатите

12 и 13 септември

12 и 13 септември

5 и 6 октомври

5 и 6 октомври

4 и 5 ноември

 

IV.          Документи за пријавување и запишување

 

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите за додипломски студии ги поднесуваат следниве документи:

  1. пријава за запишување ( апликација)
  2. оригинални свидетелства од сите класови (или нотарски заверени копии)
  3. свидетелство за завршено средно образование (или нотарски заверена копија)
  4. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
  5. две слики (големина за пасош)
  6. *за студентите кои доаѓаат надвор од РМ, копија од пасош

 

V. Финансирање на студиите

Школарината за една студиска година за студентите на додипломски и последипломски стдудии  изнесува од 500 - 2400 евра.

*Студентите кои се запишуваат согласно овој конкурс, автоматски ги прифаќаат сите академски и финансиски услови наведени во истиот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На Меѓународниот Универзитет во Струга во академската 2017/2018 година може да се изврши трансфер и упис на студенти на сите факултети:

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ, на насоките:

- Правосудни студии                                                                                        - 100 студенти

- Криминалистика и детективи                                                                      - 70 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ на насоките:

- Економија и бизнис                                                                                        - 20 студенти

- Маркетинг и финансиски менаџмент                                                        - 60 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ на насоката:

- Дипломатија и меѓународни односи                                                        - 20 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА  ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА на насоките:

- Компјутерски науки                                                                                       - 10 студенти

- Бизнис информатика                                                                                      - 10 студенти

 

1.Пропишани услови за трансфер на студентите на МУС:

 

А. Интерен трансфер – Студенти со статус на студент на МУС:

                1. За интерен трансфер на постоечките академски едници на МУС, имаат право сите студенти кои имаат статус на студенти на МУС.

 

Б. Екстерен трансфер – За кандидати кои не се студенти на МУС:

                1. Трансфер од други високообразовни институции во Р. Македонија и странство, на една од постоечките академски единици на МУС, имаат право сите студенти што запишале (најмалку една академска година) или дипломирале на Универзитетот од кој доаѓаат.

                2. Студентот може да изврши трансфер на еден од постоечките факултети или центри, во иста или слична студиска програма или насока со факултетите и студиските програми на МУС.

                3. Студентите кои ќе се запишат со трансфер на студии треба да достават доказ за положени испити од претходната високообразовна установа.

 

2.На МУС можат да се запишат и кандидати кои имаат завршено Виша школа или слично.

            1. Нивниот трансфер се врши врз основа на истоветноста или сличноста на дадените

испити и студиски програми од претходното образование.

 

Кандидатите кои ќе извршат трансфер на МУС, се запишуваат како студенти со статус на студирање – самофинансирање.

 

3.Роковите за аплицирање за трансфер и упис на студентите се следни:

 

РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОНКУРСОТ ЗА ТРАНСФЕР НА СТУДЕНТИ

- 2017/18 Г. -

I УПИСЕН РОК

II УПИСЕН РОК

III УПИСЕН РОК

 

 

 

 

 

 

 

Пријавување на кандидатите

05.06. – 30.06.2017

21.08 – 04.09.2017

22.01 – 05.02.2018

Објавување решение за прием на кандидатите

03.07.2017

05.09.2017

 

07.02.2018

Запишување на кандидатите

04.07 и 05. 07.2017

06 и 07.09.2017

08.02. и 09.02.2018

           

 

4.Потребна документација за Апликација и упис:

  • Апликација (која може да се обезбеди во одделот за Студентски прашања на МУС или на официјалната веб страна на МУС  www.eust.edu.mk
  • Извод од оценките или индексот од Матичниот Универзитет;
  • CV (кратка биографија) во форма на есеј;
  • Оригинални свидетелства и диплома (или копии заверени на нотар) за завршено претходно образование
  • Извод на родените и Уверение за државјанство
  • Две фотографии (4х5)

На втор циклус на студии во академската 2017/2018 година студентите можат да се запишат на следните студии:

 

 

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ

 

Во четврта година на специјалистички студии во академската 2017/2018 година можат да се запишат студенти на следните факултети и насоки:

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ, на насоките:

- Правосудни студии                                                                                        - 20 студенти

- Криминалистика и детективи                                                                      - 20 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ на насоките:

- Економија и бизнис                                                                                        - 15 студенти

- Маркетинг и финансиски менаџмент                                                        - 15 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ на насоката:

- Дипломатија и меѓународни односи                                                        - 10 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА на насоката:

- Бизнис Информатика                                                                                     - 10 студенти

 

 

Специјалистичките студии траат една студиска година (два семестри). По завршувањето на предвидените испити и студентите се стекнуваат со звање специјалист во соодветната област. На специјалистички студии може да се запише лице кое завршило соодветни студиски програми од прв циклус (додипломски студии) со стекнати 180 ЕКТС кредити. На специјалистички студии може да се запише и лице кое завршило соодветно високо образование од прв циклус, со стекнати 180 ЕКТС кредити, надвор од Р. Македонија. Странски државјани се запишуваат под истите услови како и државјаните на Р. Македонија.

 

 

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ

 

На последипломски студии во академската 2017/2018 година можат да се запишат студенти на следните факултети и насоки:

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ, на насоките:

- Правосудни студии                                                                                        - 150 студенти

- Криминалистика и детективи                                                                      -  40 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ на насоките:

- Економија и бизнис                                                                                        - 20 студенти

- Маркетинг и финансиски менаџмент                                                        - 80 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ на насоката:

- Дипломатија и меѓународни односи                                                        - 80 студенти

 

• ФАКУЛТЕТ ЗА  ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА на насоката:

- Бизнис информатика                                                                                      - 40 студенти

 

• Институт за Европијанистика и Меѓународна политика    - 30 студенти

• Институт за Економски развој и Еколошки менаџмент      - 30 студенти

 

 

Последипломските студии траат две студиски години (4семестри). По одбраната на магистерскиот труд, студентите се стекнуваат со звање магистер во соодветната област. На магистерски студии може да се запише лице кое завршило соодветни или сродни студиски студиски програми сo стекнати 180 EKTС кредити. На студии може да се запише и лице кое има стекнато VIВ степен со завршени додипломски студии пред воведување на ЕКТС системот на студирање. На магистерски студии може да се запишат и лица кои завршиле образование сo стекнати 180 EKTС кредити надвор од Р. Македонија. Странски државјани се запишуваат на студиите под истите услови како и државјаните на Р. Македонија.

 

 

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите за последипломски студии ги поднесуваат следниве документи:

  1. пријава за запишување (апликација)
  2. оригиналнo уверение за завршени додипломски студии
  3. CV и потврда за практична настава
  4. доказ за државјанство на Република Македонија (уверение или решение)
  5. две слики (големина за пасош)

 

* * *

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат, освен горенаведените, и документите наведени во глава III, точка 3

 

 

Согласно член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Високо Образование (Сл. Весник на РМ. бр. 17/11), наставата за најмалку 4  студиски програми за втор циклус на академски и стручни студии задолжително се изведува и полага на англиски јазик. Според тоа, на студиските програми по Јавна Администрација и Правосудни студии на Факултетот за Правни науки и Маркетинг менаџмент  и Финансиски менаџмент на Факултетот за Економски науки, по 10 студенти (на секоја студиска програма) ќе можат да следат и полагаат настава на англиски јазик. 

На факултетите во рамките на Меѓународниот  Универзитет во Струга во прва година на трет циклус  - докторски студии во учебната 2017/2018 година можат да се запишат студенти на следните факултети:

 

            • ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ:                                                           - 12 докторанди

• ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ:                                 - 18 докторанди

• ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ:                                   - 12 докторанди

• ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА:                         - 3 докторанди   

  1. I.               Услови и начин на запишување студенти

 

1. Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
  • стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
  • остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00 (I и II циклус на студии);
  • познавање на еден од светските јазици.

 

Странски државјани се запишуваат под истите услови како и државјаните на Р. Македонија.

 

II. Селекција на кандидатите

По завршувањето на конкурсот, советот на студиската програма објавува прелиминарна ранг-листа на примени кандидати на докторските студии, за секоја студиска програма, односно потпрограма одделно.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите за запишување на докторски студии, советот на студиската програма објавува посебна листа.

Листите се објавуваат на интернет-страницата на Меѓународниот Универзитет во Струга.

Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа.

Приговорот се поднесува во Меѓународниот Универзитет во Струга, во писмена форма до советот на студиската програма.

Советот на студиската програма донесува конечна одлуката во рок од 36 часа.

                По завршувањето на постапката по приговорите, советот на студиската програма, во рок од 5 дена ја утврдува конечната ранг-листа на примени кандидати и ја доставува до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии за потврдување.

Потврдената ранг-листа на примени кандидати е конечна и се објавува на интернет-страницата на Меѓународниот Универзитет во Струга.  

 

III.          Рокови за пријавување на кандидатите

Кандидатите се пријавуваат во следните рокови:

  • - (прв уписен рок од 21.08.2017 – 31.08.2017);
  • - (втор уписен рок  од 18.09.2017 – 29.09.2017)
  • - (трет уписен рок од 1  до 24 ноември 2017 ).

 

  • Документите се доставуваат во Меѓународниот Универзитет во Струга.

 

IV. Документи за пријавување

Кандидатот кој се пријавува на конкурсот поднесува:

  • пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
  • писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и предлог на ментор од листата на ментори;
  • кратка биографија;
  • докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување утврдени со овој Правилник;
  • кандидатите кои II циклус на студии го завршиле во странство доставуваат нострифицирани докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување.

Документацијата се доставува во фотокопија, а оригиналите се доставуваат на увид.           

 

V. Документи за запишување

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • индекс и пријавни листови;
  • две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии  2 х 3);
  • потврда за уплатена школарина за првиот семестар од износот на докторските студии (школарината се плаќа на 6 еднакви рати на почетоткот на секој семестар).

 

При запишувањето, кандидатите ја уплаќаат првата рата, од која износот во денарска противвредност од 2000 евра се уплаќа на сметката на Меѓународниот  Универзитет во Струга.

 

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.

 

 

* * *

Конкурост ќе биде објавен на интернет-страницата:

http://www.eust.edu.mk

Листа 1 -       Листа на интерни предмети кои се потребни за прiем на факултет

Факултет

Интерни предмети

 

Факултет за Информатичка технологија

а). Гимназиско или друго општо образование:

v            Информатика (или предметот математика односно странски јазик, во зависност од тоа кој предмет е избран од екстерните предмети)

v            Вториот интерен предмет матурантот го избира од листата на општо образовни предмети во зависност од профилот на подготовка со која се стекнал во текот на своето образование.

б). Средно стручно образование:

v            Информатика (или предметот математика односно странски јазик, во зависност од тоа кој предмет е избран од екстерните предмети)

v            Вториот интерен предмет матурантот го избира од листата на стручни предмети во зависност од профилот на подготовка со која се стекнал во текот на своето стручно образование.

 

 

Факултет за Економски науки

Факултет за Правни науки

Факултет за Политички науки

Lajmet e fundit