24. November. 2016 - 00:00

УНИВЕРЗИТЕТ ОД КАЛИФОРНИЈА – ИРВИН, САД

Универзитетот од Калифорнија – Ирвин е рангиран како 3 најдобар државен универзитет во САД според Money Magazine. Покрај тоа, Times Higher Education го рангира Универзитетот од Калифорнија-Ирвин како 4 во светот, односно 1 во САД помеѓу универзитетите кои се помлади од 50 години. Покрај овие признанија, универзитетот од Калифорнија - Ирвине е контиунирано високо рангиран и на Шангајската листа на најдобри универзитети, каде се наоѓа помеѓу 40-50 место.Во изминатиот период тројца професори на Универзитетот од Калифорнија - Ирвин се добитници на Нобелова награда.Вкупниот број на студенти изнесува околу 32,000, со околу 9.700 вработени.Универзитетот од Калифорнија - Ирвин овозможува студирање на приближно 200 студиски програми на додипломски, мастер и докторски студии.Кампусот се простира на 1,500 акри, и е во непосредна близина на брегот на Пацифичкиот Океан.

 

SAO PAOLO UNIVERSITY, BRASIL

Универзитетот од Сао Пауло е високо рангиран на листата на 500 најдобри универзитети според Шангај, односно се наоѓа на високото 101 место. Помеѓу бразилските универзитети, односно воопшто помеѓу универзитетите од земјите од Јужна Америка највисоко котира.Според Times Higher Education World University Rankings  е рангиран високо помеѓу 51-60, во конкуренција на сите универзитети во светот. Универзитетот Сао Паоло нуди многу широк асортиман на студиски програми, дополнувајќи ги континуирано со вклучување на нови департмани. На универзитетот студираат околу 90.000 студенти, што го прави најголем универзитет во Јужна Америка.  Универзитетот е еден од најразвиените истражувачки центри, при што повеќе од 25% од научните трудови објавени од страна на бразилски научници во најпознатите журнали и на најпознатите конференции, се токму од професори кои предаваат на Сао Паоло Универзитетот во Бразил. 

 

УНИВЕРЗИТЕТ ОД СЗЕГЕД, УНГАРИЈА

 

 Универзитетот од Сзегед, Унгарија се наоѓа на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот. Тој е еден од најголемите универзитети во Унгарија со приближно околу 30.000 студенти, повеќе од 12.000 вработени и со академски кадар од околу 2.200. Во рамките на универзитетот се организира настава на три циклуси  на студии - додипломски, последипломски и докторски студии.

 

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ ОД ФИРЕНЦА, ИТАЛИЈА

 

 Универзитетот од Фиренца е една од најреномираните високообразовни институции не само во Италија, туку и во цела Европа. На Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот, котира на високото 200-то место. Станува збор за многу стар државен универзитет, чии корени датираат уште од 1321 година.Во склоп на универзитетот функционираат 12 факултети, и вкупно се запишани повеќе од 60,000 студенти.

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ ОД СТЕРЛИНГ, ДИПЛОМАТСКА ААДЕМИЈА ОД ЛОНДОН

 

Универзитетот од Стeрлинг е основан со Кралската Повелба од 1967 година, и е првиот нов универзитет формиран на територијата на Шкотска, по 1582 година, кога бил основан Универзитетот од Единбург. Се простира на огромна површина од 3.2 км, и се смета дека го поседува најубавиот кампус во светот. Во рамките на Универзитетот од Стирлинг функционираат 8 школи и 15 департмани.Само во академската 2013/2014 година на универзитетот се запишале повеќе од 11.000 студенти. Академијата за Дипломати од Лондон е најреномираната академија за дипломати во светот, која се наоѓа во срцето на Лондон. Во склоп на академијата има 3 студиски програми.

 

 

КИНДАИ УНИВЕРЗИТЕТ, ЈАПОНИЈА

Почетоците на Киндаи Универзитетот се уште од далечната 1925 година, кога е основан Техничкиот Центар Осака. Од 1949 година, па се до 2014 година, универзитетот функционира под името Кинки Универзитетот, по што во 2014 година името е сменето во Киндаи Универзитетот. Во рамките на Киндаи Универзитетот функционираат 13 факултети и 48 департмани, од областа на правото, економијата, бизнис менаџментот, земјоделството, информатичките технологии, инженерството, биологијата, медицината, фармацевтските науки, и друго. Факултетите се простираат во 6 кампуси, кои се наоѓаат во вториот по големина град во Јапонија – Осака. На универзитетот име повеќе од 920 лица кои се дел академскиот кадар со полно работно време и студираат повеќе од 30.000 студенти, само на додипломски студии.

Киндаи Универзитетот важи за еден од најголемите истражувачки центри во Јапонија. Фондовите кои годишно ги издвојува универзитетот за истражување и развој се импресивни. Во таа смисла на универзитетот функционираат 20 истражувачки центри, помеѓу кои се и Институтот за истражувања за атомска енергија, три клинички центри со над милион пациенти годишно и други центри.  Тоа се потврдува и со меѓународните рејтинзи на универзитетот. Имено, Киндаи Универзитетот е континуирано рангиран од страна на Шангај, при што истиот се наоѓал и на листата на 500 најдобри универзитети во светот. Покрај тоа, Киндаи Универзитетот е континуирано високо рангиран и помеѓу универзитетите во Азија, каде се наоѓа на листата на 200 најдобри универзитети во Азија.

 

 

REY  (KING) JUAN CARLOS UNIVERSITY, ШПАНИЈА

Универзитетот Реи Хуан Карлос се наоѓа воМадрид, Шпанија. Според бројот на студенти е втор по големина универзитет во регионот на Мадрид. Името го има добиено по шпанскиот крал Хуан Карлос 1. Располага со 4 кампуси, и има акредитација за организирање на студии на трите циклуси на студии – додипломски, последипломски и докторски. Нуди 64 студиски програми, има договори за двојни дипломи со 44 универзитети, нуди студии на англиски јазик, онлине студирање, и слично.

 

MCI MANAGEMENT CENTER INNSBRUCK, АВСТРИЈА 

MCI е приватна високообразовна институција, чии сопственици се јавни установи, како општината Инсбрук, Стопанската комора, Индустриската комора и најреномираниот универзитет во Австрија – Универзитетот од Инсбрук. Всушност, MCI е дел од концептот Open University Innsbruck, кој го сочинуваат заедно со Универзитетот од Инсбрук. Практично, MCI како дел од Универзитетот од Инсбрук ги дели сите инфраструктурни, просторни, материјални, спортски и други капацитети со Универзитетот од Инсбрук.

Универзитетот од Инсбрук, кој е и сопственик на  MCI е еден од најстарите универзитети во светот, основан во 1669 година. Во негови рамки функционираат 16 факултети, студираат 27.500 студенти и има 4.500 вработени - академски кадар. Универзитетот е рангиран на високото 200  место на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот. Во рамките на MCI функционираат 25студиски програми, на додипломски и мастер студии.

 

 

ОДЛАР ЈУРДУ УНИВЕРЗИТЕТ, АЗЕРБЕЏАН

 

Одлар Јурду Универзититетот од Баку, Азербеџан е еден од најпознатите приватни универзитети во Азербеџан. Основан е во 1995 година и во негов состав функционираат 6 Факултети и 8 центри. Универзитетот во изминатиот период има развиено широка мрежа на меѓународна соработка, вклучително и соработка во полето на издавање на двојни дипломи. Покрај со другите универзитети, Одлар Јурду Универзитетот има склучено договор за соработка и издавање на двојни дипломи и со Меѓународниот Универзитет во Струга.

 

COLOGNE BUSINESS SCHOOL(CBS), ГЕРМАНИЈА

Универзитетот CBS е основан во 1993 година, во Cologne, Германија. CBS котира многу високо на рангирањата кои ги вршат најпознатите институции за рангирање на универзитетите. Така во 2014/2015 Center for Higher Education rankings, го  рангираше CBS во најдобрите 3 бизнис школи во Германија според квалитетот на мастер програмите. Мастер програмите на CBS се признати и како најдобри во Европа. И познатото германско списание Wirtschaftswoche, кое врши рангирање на студиските програми за бизнис на универзитетите во Германија, го рангираше CBS на високото место 4 место.

JAUME 1 UNIVERSITY, ШПАНИЈА

Jaume 1 University е универзитет кој се наоѓа во градот Castellón de la Plana, Шпанија. Универзитетот е основан во 1991 година. Името го добил по кралот кој го формирал Кралството Валенсија -  Jaume I. Универзитетот Jaume I во моментов е лидер во високото образование, и е најголем истражувачки центар во Валенсија. На универзитетот студираат околу 15.000 студенти, кои студираат на еден кампус. Кампусот се простира на 176 000 m2, има 4 факултети и голем број на објекти – истражувачки центри.

УНИВЕРЗИТЕТ ОД СПЛИТ, ХРВАТСКА

Универзитетот од Сплит е основан во 1974 година и во негови рамки функционираат 13 факултети и 124 студиски програми.Универзитетот има акредитација за сите три циклуси на студии - додипломски, мастер и докторски студии.Има повеќе од 1,500 членови на академскиот кадар и повеќе од 20,000 студенти.Универзитетот има развиено многу богата меѓународна соработка со голем број на врвни универзитети во светот, а член е и на најреспектираните меѓународни асоцијации на универзитети.

UTENA UNIVERSITY OF APPLIED SCIENCES, ЛИТВАНИЈА

Универзитетот за применети науки Утена е државен универзитет, во чии рамки функционираат 21 студиски програми од областа на економијата, туризмот, земјоделството, правото, екологијата, информатичките технологии, електро-инжинерството, и други. Покрај тоа универзитетот има склучено и договори за издавање на двојни дипломи со поголем број на универзитети од Латвија, Бугарија и Велика Британија.

УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ПРИМЕНЕТИ НАУКИ БАЛТАЗАР ЗАПРЕШИЧ ХРВАТСКА

Универзитетот Балтазар Запрешич е основан пред 15 години и во изминатиот период бележи исклучително високи академски резултати. На универзитетот функционираат 4 студиски програми од областа на бизнисот, менаџментот и компјутерските науки.

 

CEPS - CENTER FOR BUSINESS STUDIES, КИСЕЉАК - БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 

Универзитетот CEPS е релативно нова високообразовна институција, која во многу краток временски период се наметна како една од водечките академски и научни институции во Босна и Херцеговина.

 

УНИВЕРЗИТЕТ ОД ПИТЕШТИ, РОМАНИЈА

Универзитетот од Питешти од Романија е државен универзитет од Романија, чии корени датираат уште од далечната 1962 година. Сепак официјално како година на основање на универзитетот се смета 1991 година. Во рамките на универзитетот функционираат 5 факултети, со голем број студиски програми од областа на бизнис, право, инженерство, информатички технологии, образование, управување со природни ресурси, општествени науки, здравје, математика и други. На универзитетот има повеќе од 700 членови на академскиот кадар, со вкупно 12.000 студенти.

 

УНИВЕРЗИТЕТ АЛЕКСАНДЕР ЏУВАНИ ОД ЕЛБАСАН, АЛБАНИЈА

 

 

GYUMRI STATE PEDAGOGICAL INSTITUTE OF ARMENIA, ЕРМЕНИЈА

GYUMRI STATE PEDAGOGICAL INSTITUTE OF ARMENIA е една од настарите државни високообразовни институции во Ерменија, чии корени датираат уште од 1936 година. Во рамките на институцијата функционираат 7 департмани, кои нудат широк спектар на различни студиски програми. На GSPI во изминатиот период студирале многу познати личности од јавниот и политичкиот живот во Ерменија, помеѓу кои Hovhannes Shiraz, еден од најпознатите ерменски поети, како и Samvel Balasanyan – градоначалник на Gyumri.

 

PANEVĖŽIO COLLEGE, ЛИТВАНИЈА

Меѓународниот Универзитет во Струга склучи договор за соработка со PANEVĖŽIO COLLEGE, од Литванија. PANEVĖŽIO COLLEGE  е државна високообразовна институција во Литванија, која е основана во 2002 година. PANEVĖŽIO COLLEGE има акредитација за организирање на настава за голем број на студиски програми од областа на општествените науки, биомедицинските науки и технолошките науки.

KAROLY ROBERT COLLEGE, УНГАРИЈА 

KAROLY ROBERT е државен колеџ, кој е основан уште пред 55 години.Колеџот има акредитација за организирање на дидипломски и последипломски студии од областа на менаџмент, бизнис, сметководство, финансии и лидерство.

 

СТИНГ АКАДЕМИЈA, ЧЕШКА

Академијата СТИНГ е првиот приватен универзитет во Брно, кој е основан во 2000 година.Универзитетот има акредитација за организирање на настава на прв и втор циклус на студии.

Во изминатиот период Академијата СТИНГ има добиено поголем број на признанија и награди, помеѓу кои и признание за најдобро МСП во Брно, а во 2015 и престижната награда за најдобар приватен универзитет во Чешка.

 

 

LONDON CITY COLLEGEВЕЛИКА БРИТАНИЈА

LondonCity Collegeе меѓународен колеџ кој е признат од страна на Британскиот Акредитационен Совет како Независна високообразовна институција.Колеџот е основан во 1982 година.

 

SCHILLER INTERNATIONAL UNIVERSITY

Меѓународниот Универзитет Schiller е приватен Американски Универзитет кој што има седум кампуси во шест држави. Кампусите се сместени во Лондон, Велика Британија; Париз и Стразбург, Франција; Мадрид, Шпанија; Хеиделберг, Германија; Лејсин, Швајцарија; иЛарго, Флорида. Основан е во 1964 година од страна на Д-р Walter Leibrecht како странска студиска програма за американците во Германија. Колеџот денес нуди додипломски и последипломски студии во повеќе од 100 држави. Повеќето кампуси на Schiller се сместени во или во близина на главните градови каде се нудат бројни културни програми кои им нудат многу можности на студентите за коситење на слободното време.Универзитетот е посебен заради тоа што имовозможува на студентите да се трансферираат од еден во друг кампус, од една во друга држава, а во исто време да останат на истиот Универзитет без да губат време или пари.

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ ОД ТИРАНА, АЛБАНИЈА 

 

Универзитетот од Тирана е првиот универзитет во Албанија кој е основан 1957 година како Државен Универзитет. Универзитетот тогаш во свои рамки вклучувалпет висообразовни институции. Бројот на запишани студенти е 14 000, а бројот на академскиот персонал е 600. Ректор од 2008 година е Дори Куле ( Dhori Kule). Меѓународниот Универзитет во Струга во соработка со Универзитетот од Тирана на студентитите им овозможува добивање на дополнителни квалификации и дипломи, односно студентите имаат можност да добијат универзитетска диплома и од страна на Универзитетот од Тирана.

 

FАМА УНИВЕРЗИТЕТ ОД КОСОВО 

 

Меѓународениот Универзитет во Струга има потпишано меморандум за соработка со Универзитетот Фама- Косово. Оваа соработка предвидува взаемна поддршка за развој на образованието и науката.

 

ЊУ ЈОРК УНИВЕРЗИТЕТ-СКОПЈЕ 

 

Меѓународениот Универзитет во Струга има потпишано договор за соработка со New York University- Skopje. Оваа соработка предвидува взаемна поддршка за развој на квалитетот на образованието и науката преку:

  • Размена на наставен кадар,
    • Заедничка промоција на Универзитетите,
    • Заеднички проектни активности на студентската унија.

 

ADA –АЛБАНСКА ДИПЛОМСТСКА АКАДЕМИЈА

 

Меѓународниот Универзитет во Струга има потпишано договор за соработка со Албанска Дипломатска Академија (ADSH).Помеѓу двете иституции постои одлична меѓусебна соработка и поддршка во секој аспект. Студентите кои студираат во Меѓународниот Универзите во Струга имаат можност за доквалификација и обучување од страна на врни дипломати како што се проф.д-р Лисен Башкурти, проф.д-р Башким Рама и многу други врвни и значајни дипломати и амбасадори.Можност за обука имаат сите студенти при Меѓународениот Универзитет во Струга кои на крајот на обуката добиваат сертификати кои се од голема полза за понатамошниот развој на својата професионалната кариера.

 

МЕДИТЕРАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ, АЛБАНИЈА 

 

Меѓународниот универзитет во Струга има потпишано договор за соработка со Албанската Академија за Науки, чие седиште е во Тирана. Академијата за Науки е најважниот научно истражувачки центар во Република Албанија. Меѓу институционалниот договор склучен помеѓу Академијата за Науки на Република Албанија и Меѓународниот Универзитет во Струга се состои од меѓусебна соработка, размена на стручен и академски кадар, научно истражувачка дејност , како и други заеднички проекти од областа на науката.

 

Министерство за образование и наука на РМ

Министерството за образование и наука на Република Македонија има општествена одговорност да обезбеди услови за развој на образованието и да создаде можности за благосостојба на сите граѓани.Ефектите на превземаните активности од ова министерство се создавање на силни итрајни вредености кои директно се одразуваат врз животот на граѓаните.

 

British Business Group (BBG)

British Business Group постои со цел да ги олесни трговските врски помеѓу Република Македонија и Велика Британија и служи како пример за добра бизнис практика.Задача наBBG è и да врши олеснување на разбирањето на специфичните индустрискистандарди.

 

EBC*L

Меѓународниот Универзитет – Струга е акредитиран од EBC*L испитниот центар.EBC*L е широко признаен и докажан центар кој атестира сертификати со кои се потврдува дека имателот на сертификатот ги поседува клучните, соодветни и потребни услови за да ја извршува конкретната работа за кој го добил сертификатот.Понатаму тоа е и потврда дека имателот на сертификатот можe да учествува во економскиот живот, да управува со одделни департаменти, да носи деловни одлуки, да контролира и управува со финансиските текови и да користи нови бизнис технологии.

 

HyGrade International

Hy Grade International е добро позната, признаена и докажана консултантска групација чии способности и искуство се состојат во помагање на институциите во делот на нивното успешноостварување и извршување на задачите во конкретната област во секоја фаза од нивното постоење, независно дали станува збор за раст, променети услови на работење, напори за подобрување или развој.

 

Univerzitet "Džemal Bijedić", Мостар

Универзитетот “Џемал Биједич“ е државен универзитет од  Мостар – Босна и Херцеговина, основан 1977 година. Во склоп на универзитетот функционираат осум факултети, и тоа: Факултет за деловен менаџмент, Правен факултет, Машински факултет, Градежен факултет, Педагошки факултет, Факултет за информатички технологии, Факултет за хуманистички науки и Агромедитерански факултет. На универзитетот предавања изведуваат повеќе од 220 професори и соработници годишно, и истиот запишува околу 12.000 студенти во текот на една студиска година.

 

Ordu University 

Орду Универзитетот е еден од најпознатите и најреспектираните универзитети во Турција. Основан е во 2006 година, со спојување на два врвни универзитети од Турција Ondokuz Mayıs и Karadeniz Technical Universities. Иако станува збор за релативно млад универзитет, Орду универзитетот зад себе има акумулирано огромно искуство, кое е резултат на успешното минато и врвниот кадар, кој овој универзитет го наследи од универзитетите од чие спојување настана. Денес, во рамките на Орду Универзитетот функционираат 10 Факултети, 3 Институти,3 Виши школи и 10 виши стручни школи.

 

Adnan Menderes University

Универзитетот е основан во 1992 година и денес важи за еден од најпознатите и најдобро опремените образовни кампуси не само во Турција, туку и пошироко.Универзитетскиот кампус се протега на 4.500м2, и во негови рамки покрај другото функционираат и 36 студентски клубови, наменети за забава и рекреација на студентите.Во рамките на факултетот функционираат 3 Институти и 7 Факултети.

 

Стручен колеџ “ARGENT”

KOLEGJIT PROFESIONAL “ARGENT”е приватна високо образовна институција, основана во 2012 година во Скадар, Албанија. Во рамките на колеџотфункционираат 5 студиски програми на додипломски студии.

Universiteti “Iliria” 

Universiteti “Iliria” започна со работа во 2007 година, во Тирана, Република Албанија. Станува збор за реномирана високообразовна институција, во чии рамки функционираат Факултетот за Правни науки, Факултетот за Политички науки и Факултетот за Економски науки.

 

Akademia Ushtarake "Spiro Moisiu", Тирана

Високо образовна институција, акредитирана за последипломски и докторски студии. Академијата располага со врвен стручен кадар, и  е високо почитувана и ценета не само во Република Албанија, туку и пошироко.

 

State University of Novi Pazar

Универзитетот од Нови Пазар е реномомирана високо образовна институција од Република Србија, која е основана во 2006 година.Универзитетот организира студии на трите циклуси на студии - дипломски, последипломски и докторски студии.Во рамките на Универзитетот функционираат три факултетити, во чиј склоп работат 10 департмани.

 

International University of Novi Pazar

Универзитетот е основан во 2002 година, при што денес се смета за една исклучително реномирана образовна институција.Во рамките на универзитетот функционираат 6 департмани.

 

Центар за развој на Југозападен плански регион

Со цел да придонесе за остварување на стратешките цели и задачи на регионалниот развој, Меѓународниот Универзитет во Струга потпиша меморандум за соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион.Заедничката соработка е во насока на зајакнување на локалниот и регионалниот развој, како и во насока на поддршка на развојот на оддржливи проекти со кои се поддржува севкупниот прогрес на југозападниот регион.

 

Trakya University, Edirne

Trakya University започнал со работа во1982 година.Денес во склоп на универзитетот функционираат 4 институти, 12 факултети.Универзитетот располага со огромен кампус, преку кој на студентите им се нудат најсовремени услови за изведување на настава, сместување, забава и рекреација.Денес, универзитетот се смета за еден од најпознатите Европски универзитети.

 

Universiteti “Vitrina“, Тирана

Универзитетот Витрина е основан во 2004 година во Тирана. Универзитетот нуди додипломски студии на 7 факултети, кои функционираат во негови рамки.

 

 

Aleksander Moisiu University, Драч

Државен универзитет формиран во 2005 година, во Драч, Р. Албанија.  Универзитетот во свој состав има 5 факултети, преку кои нуди современа, врвна настава, компатибилна со европскиот систем на образование.

 

Kolegji Universitar “Biznesi”, Приштина

Приватна високообразовна институција, основана во 2004 година, во Приштина. Бројот на студенти во оваа установа континуирано расте, достигнувајќи 8,500 студенти.На студентите на располагање им стојат четири студиски програми на додипломски и мастер студии.

 

МИТ Универзитет,Скопје

Приватна високо образовна институција, во чиј состав функционираат осум факултети и воздухопловен колеџ.

 

АЛФА Универзитет, Белград

Алфа Универзитетот е првиот приватен универзитет во Република Србија. Зад себе има 20 годишно успешно работење и повеќе од 20 акредитирани студиски програми.  Алфа Универзитетот организира студиска настава на сите три циклуси на студии - додипломски, последипломски и докторски студии.

 

 

 

Лиепаја Универзитет, Латвија

Лиепаја Универзитетот е државен универзитет од Латвија, основан уште во далечната 1954 година.Станува збор за еден од најреспектираните универзитети не само во Латвија, туку и пошироко, во Европа. Наставата е организирана на трите степени на образование – додипломски, последипломски и докторски студии.Универзитетот има акредитирано повеќе од 30 студиски програми, на кои студираат повеќе од 20.000 студенти.

 

Тсенов Академија за Економија, Бугарија

Tsenov Academyof Economicsе една од водечките високообразовни институции во Бугарија. Во склоп на академијата функционираат 4 факултети, 18 департманти и повеќе истражувачки центри и институти. На академијата студираат повеќе од 10,000 домашни и странски студенти. Универзитетот нуди и distance-learningпрограми.

 

CUAM  - Конзорциум на универзитети од Африка и Медитеранот, со седиште во Италија

CUAM  е конзорциум во кој членуваат 72 универзитети од Европа, Азија и Африка. Основната функција на CUAMе промовирање на научната соработка помеѓу универзитетите - членки на конзорциумот, организирање на научни семинари, конференции, подготовка на научни студии и проекти, како и унапредување на работата на универзитетите според Европските стандарди и критериуми.

 

ИБС, Меѓународна Бизнис Школа, Љубљана

Меѓународната Бизнис Школа од Љубљана е приватна високообразовна институтуција која нуди три студиски програми по меѓународни бизнис студии.Во изминатиот временски период има развиено силна меѓународна соработка со голем број на универзитети од Европа, но и од САД и Канада.

 

Нов Бугарски Универзитет

Приватна високообразовна институција од Бугарија, основана во 1991 година.Во склоп на универзитетот функционираат поголем број на департмани и истражувачки центри. 

 

Универзитет "Неофит Рилски"

 Универзитетот Неофит Рилски е државен универзитет од Бугарија, кој е основан 1976 година.Најпрво универзитетот функционирал како филијала на Софискиот Универзитет, но од 1983 година, работи како самостојна високообразовна институција.Седиштето на универзитетот е во Благоевград. Денес универзитетот е рангиран како еден од најдобрите универзитети во Бугарија, кој секога година запишува огромен број на студенти.Во склоп на универзитетот функционираат 7 факултети и 1 колеџ.

 

University of Lusofona, Lisboa, Portugal

 

University of Lusofona is the largest private university in Portugal. It was founded in 1989 and currently over 9000 students are part of this university. The university is a part of the group Lusofona, which administers other universities in Portugal, Brazil, Angola, Guinea-Bissau, Mozambique and other countries.

Lusofona University has accreditation for three study cycles, offering 10 undergraduate, 10 postgraduateand 4 doctoral study departments. The total number of study programs offered by the university is 92.

University of Oradea, Romania

  

The University of Oradea is a public university located in the city of Oradea in north-western Romania. With 15 faculties,the university has a total of 123 fields of study for undergraduate and 151 post-graduate degrees.The University employs 1,600 people, of which 1,080 are members of the academic staff and over 21,000 students.

Ventspils University College

  

Ventspils University College (VUC) was founded in 1997 as a self-governing state university college and a scientific institution. Its basic activity is to carry out scientific research and to implement academic and professional study programs.

 

 

University of Shkoder LuigjGurakuqi, Albania

 

The University of Shkodër "LuigjGurakuqi" in Albania was established in 1957.It has 6 faculties, 15 branches, 14 departments and more than 140 professors.There were more than 10,000 students studying in 2007.

Colaboration