Визија

29. November. 2015 - 00:00


Академскиот и административниот кадар на Меѓународниот Универзитет во Струга е силно посветен на остварување на својата приоритетна цел, а тоа е вбројување на Меѓународниот Универзитет во Струга во групата на врвни високообразовни институции во Југо–источна Европа. Меѓународниот Универзитет во Струга негува пријателски односи со студентите, преку интегрирање во една целина на системите на предавање, менторство и научно истражување.

Меѓународниот Универзитет во Струга е целосно посветен на едукацијата на своите студенти, како во делот на додипломските, така и во делот на последипломските студии. МУС е модерна образовна институција која е оплеменета со интелектуална и културна разновидност, чија главна цел е помагање на регионалниот развој. МУС е место во кое секој студент може да ги реализира своите желби и амбиции за напредок и усовршување.

Меѓународниот Универзитет во Струга се стреми на своите дипломирани студенти да им обезбеди солидна база на знаење, работни навики и вештини, со чија помош ќе успеат да постигнат не само свое лично усовршување, туку и унапредување на оштеството во кое живеат и работат.

 


Vision