Мисија

29. November. 2015 - 00:00


Меѓународниот Универзитет во Струга е врвен универзитет кој е целосно посветен на едукација и стручно надоградување на своите студенти. Преку своите додипломски и последипломски студии од областа на маркетингот и финансискиот менаџмент, правните науки, дипломатијата и меѓународните односии информациско-комуникациските технологии, МУС нуди можност за стимулирање на интелектуалната љубопитност, рационалното расудување и запознавање со широк спектар на научни дисциплини и професионални области.

Меѓународниот Универзитет во Струга работи и им помага на своите студенти користејќи креативни стратегии, употребувајќи ги последните достигнувања во технологијата, применувајќи нови методи во наставата со кои се овозможува  практикување на теоретското знаење во секојдневниот живот. Нашите студенти се пример за мултиетничко егзистирање и работење, модел за тоа како да се поврзат различни култури и како истите да се негуваат и почитуваат.

Меѓународниот Универзитет во Струга е обврзан на глобален напредок, просперитет, диверзификација, општествена одговорност и локално делување. Неговото работење е насочено кон креирање на амбиент во кој студентите и кадарот ќе можат да ги развиваат и усовршуваат своите интелектуални и професионални таленти и способности без ограничување.

Mission