Ректор

29. November. 2015 - 00:00


 

Почитувани,

Добродојдовте на Меѓународниот Универзитет во Струга, модерен, Европски Универзитет, кој нуди современи знаења за сите граѓани на Р.Македонија и за граѓаните од поширокиот регион.

Отварањето на овој Универзитет е еден од најзначајните историски моменти за овој град, за Р.Македонија и за Балкaнот. Со овој Универзитет ќе се реализираат соништата на стружани, на граѓаните на Р.Македонија и поширокиот регион.Со овој УниверзитетСтруга ќе прерасне во „Стразбург на Балканот“.

Во состав на Меѓународниот Универзитет во Струга функционираат три Факултети со Bachelor ниво и тоа: Факултет за Економски Науки, Факултет за Политички Науки и Факултет за Правни Науки. Во склоп на Универзитетот работат и два Институти и тоа: Институт за Европијанистика и Меѓународна Политика и Институт за Економски Развој и Еколошки Менаџмент. Со овој состав Меѓународниот Универзитет во Струга претставува високообразовен едукативен центар кој врши сериозни научни истражувања.

Меѓународниот Универзитет во Струга  на своите Факултети работи според најсовремените наставни програми. Овие програми се производ на заедничката академска работа на истакнати имиња и експерти од различни областина делување од Македонија, Албанија, Косово, Европа и САД.

Покрај тоа што Меѓународниот Универзитет во Струга во својот наставен процес ги употребува најсовремените наставни планови и програми, тојисто така работи со висококвалификуван академски кадар и најистакнати експерти од соодватната област на делување, кои се со научни звања магистри и со дипломатското ниво на предавачите односно научниот кадар. Сето тоа егаранција за квалитетни  предавањата,ефикасен пренос на знаењаи создавање на стручни и перспективни кадри.

Покрај додипломски студии Bachelor, акредитирани се три насоки на последипломски студии. Во последипломските студии предаваат видни експерти од повеќе држави од регионот.

Наставата во Меѓународниот Универзитет во Струга се одвива во најсовремени услови, најмодерно опремени предавални, богата библиотека со многу наслови на македонски, албански, англиски, француски, германски, италијански и турски јазик, електронска библиотека со многу наслови за основната национална состојба на Македонија, Албанија, Косово, Балканот, Европа, Евроатланската област, за меѓународните организации, наслови од областа на безбедноста, економијата, многу наслови за различни цивилизации и интеграции воопшто, богат фонд на наслови за информатичката технологија. Покрај сето ова Универзитетот располага со простории за релаксирање и сл. Меѓународниот Универзитет во Струга се наоѓа во најатрактивното место на Охридското крајбрежје. Несомено може да кажеме дека со сите свои ресурси и убавата местоположба претставува најмодерниот и најубавиот локалитет во регионот.

Нов предизвик на современиот свет е подготвување и правилно насочување на човечките ресурси. Целите кон кои се стремиме може да се реализираат на побрз начин, подобро и со минимални трошоци, доколку имаме способни личности добро обучени за лидерство, менаџмент и администрација во сите домени на општественото делување. Значи сите се соочуваме со потребата за прогрес, а за прогрес потребен е висок квалитет, високиот квалитет има потреба од формирани институции, формираните институции имаат потреба од добро подготвени личности, а за добро подготвување на личностите потребни се современи и модерни капацитети. Ова е мисијата и визијата која ја следи Меѓународниот Универзитет во Струга.

Почитувани граѓани, родители, наставници, професори и студенти, посетете го и бидете дел од Меѓународниот Универзитет во Струга, затоа што тоа е Универзитет кој го исполнува она што го ветува, Универзитет кој отвара нови хоризонти во Вашиот живот, Универзитет кој Ве насочува и Ве поддржува да бидете креативни, активни, храбри, мотивирани, добро подготвени и работливи во сите свери на општественото живеење.

 

Со почит,

Ректор на Меѓународниот Универзитет во Струга

Проф.др. Армен Кадриу

Rector