Историја

29. November. 2015 - 00:00


Меѓународниот Универзитет  во Струга е високообразовна институција, акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Во рамките на универзитетот се  акредитирани следните факултети: Факултетот за економски науки, Факултетот за правни науки, Факултетот за информатичка технологија и  Факултетот за политички науки.

Во учебната  година 2007/2008  започнавме како "Еуро Колеџ", а во 2008 година од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија добивме  акредитацијата за две нови институции, и тоа - Институтот за Европијанистика и Меѓународна Политика и Институтот за Економски Развој и Еколошки Менаџмент, што беше и причина за промена на името во „Меѓународен Универзитет во Струга”.

Охрабрени од поддршката на многу домашни и странски институции, но и со чиста визија и мисија, продолживме да чекориме без оглед на сите тешкотии. Добивме поддршка од Британскиот Универзитет „Kensington College of Business, потоа од познатата и призната консултантска групација Hy Grade, од испитниот центар European Business Competence Licence (EBCL) и од British Business Group. Од големо значење за нас, беше и поддршката од Лондонскиот Колеџ „London City College „. Поддршка на нашиот универзитет дадоа и голем број амбасадори, еминентни личности и институции,кои го посетија нашиот кампус, за што сме им многу благодарни.

Денес, МУС е првиот приватен универзитет на Балканот кој формално е прифатен како член на Европската асоцијација на универзитети - EUA. Приемот на еден универзитет во EUA, е една од најголемите награди која може да се добие, со што се докажува професионалната и академската посветеност на МУС за развојот на високото образование, не само во Република Македонија, туку и пошироко.

 


History