Mаркетинг и финансиски менаџмент

21. December. 2015 - 00:00


Студиската програма за маркетинг и финансиски менаџмент е една од најатрактивните студиски програми од областа на економијата. Таа овозможува стекнување на интегрирани знаења од две мошне значајни и актуелни економски области – маркетинг и финансиски менаџмент. Со оглед на тоа што студентите кои ќе завршат на оваа студиска програма имаат пошироки знаења од областа на економијата, нивните можности за вработување се многу големи и тоа како:

  • Финансиски експерти во државни и јавни институции (државна администрација, фондови, влада, министерства, даночна управа, институциите на платниот промет и сл.);
  • Финансиски и маркетинг менаџери во различни видови претпријатија (јавните, приватните, акционерските и сл.);
  • Менаџери на банки и други финансиски институции;
  • Финансиски експерти од областа на фискалната економија (даночни консултанти, финансиски инспектори), осигурувањето и царинската проблематика;
  • Експерти за финансиски пазари (берзата на хартии од вредност и сл.);
  • Научни работници на факултети, институти и други научно-образовни институции.

Како што покажува праксата, наведените занимања се високо валоризирани и ценети во современтите пазарни економии, така што експертите од областа на маркетингот и финансискиот манаџмент се многу барани на пазарот на трудот. Тоа значи дека дипломираните студенти на судиската програма за маркетинг и финансиски менаџмент ќе можат и во наши услови брзо да најдат работен ангажман или да организираат самостојна професионална дејност.


Цели

По завршување на студиите, студентите ќе бидат способни:

  • Да ја познаваат институционалната структура на финансиските пазари, карактеристиките на одделните видови финансиски инструменти (акции, обврзници, штедни влогови, заеми, финансиски деривати итн.) и делувањето на различни финансиски институции (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови итн.).
  • Да ги разбераат основните принципи на финансиите, суштината на современата портфолио теорија и принципите на вреднување на основните класи на финансиски инструменти: акциите и обврзниците.
  • Да стекнат продлабочени знаења за најважните видови активни, пасивни и неутрални банкарски работи, да ги применуваат современите методи на управување со средствата, ликвидноста, обврските и капиталот на банките и да можатда анализаат конкретни проблеми од деловната политика на комерцијалните банки.
  • Да ги разберат и критички да ги анализираат основните прашања од областа на меѓународните финансии, како што се: формирањето на девизните курсеви и функционирањето на девизниот пазар, главните компоненти на платниот биланс, клучните меѓународни финансиски институции и финансирањето на меѓународната трговија.
  • Да демонстрираат знаења за маркетинг инструментите и управувањето со нив во насока на остварување на позитивни резултати во работењето на компанијата.
  • Да  покажува знаења кои се неопходни за идентификување на различните аспекти и фактори кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите и врз процесот на донесување одлука при купување.
  • Да имаат знаења за одделни фази од процесот на маркетинг истражување и различни квалитативни и квантитативни методи што се користат во маркетинг истражувањето.
  • Да демонстрира знаење за идентификување на информациите и аспектите кои се неопходни за развивање на соодветен маркетинг план и маркетинг стратегии.
Marketing and Financial Management