Економија и Бизнис

11. December. 2015 - 00:00


Студиската програма за Економија и Бизнис овозможува стекнување на теоретски и практични знаења од областа на бизнис администрацијата, и економијата во целост. Математиката се користи како клучна алатка во анализата и интерпретацијата на податоците. Исто така, ефикасната комуникација и современите методи на настава и учење ги прават  студентите свесни за потребата од нови начини на решавање на деловните проблеми, согласно со барањата на клиентите и бизнис целите.

За реализација на програмата на оваа студиска програма е ангажиран академски кадар од областа на економија, кој е подготвен да се справи со проблемите, не само во рамките на внатрешниот пазар, туку и на меѓународно ниво. Студиите на студиската програма за бизнис администрација на првиот циклус на студии траат  3 (три) години. По успешното завршување на студиите, студентот се стекнуваат со диплома за завршени додипломски студии, и се здобива со звање  Дипломиран економист од областа на економија и бизнис.

Цели :

 

  • Преку предавања и вежби да им се овозможи на студентите да стекнат  знаења за основите на бизнисот и да обезбедат широки познавања за бизнисот во целина.
  • Студентите да научат како да применуваат соодветни бизнис модели на донесување на одлуки и да ги применат истите во конкретни економски бизнис ситуации.
  • Запознавање на студентитите со основните принципи на водење на бизнис и работа во тим.

 

 

Очекувања

 

  • Да им се обезбедат на студентите информации за бизнис теориите, моделите и нивната примена на пазарот.
  • Да се запознаат судентите со лидерството, претприемништвото и бизнис анализата на проблемите.
  • Да се обезбеди основа за развој на професионална кариера, како и да се обезбеди солидна подготовка за продолжување на образованието на последипломски студии, и слично.
Economy and Business