Компјутерски Науки

21. December. 2015 - 00:00


Студиската програма за компјутерски науки преку примена на напредни методи во наставата и континуирано практикување на теоретските знаења овозможува студентите да се подготват за решавање на комплексни проблеми. Студиската програма обезбедува основни и напредни знаења кои обезбедуваат успешно соочување и надминување на технолошките предизвици.

Студиите на студиската програма за компјутерски науки траат шест семетри, при што студентот се стекнува со 180 кредити. По завршување на студиите студентот се стекнува со знање Дипломиран инжењер по компјутерски науки.

Цели на студиската програма

- Оспособување  на студентите за изработка и учество во научни проекти, поединечно или во групи;

- Оспособување на студентите да ги развијат и имплементираат софтверските системи.

- Студентите да се стекнат со потребни теоретски знаења и практични вештини.

- Подготовка на студентите за изградба на успешна кариера и конкурентност на глобалниот пазар на труд.

Достигнувања :

-Oспособување на студентите со знаења за основните концепти од областа на информатичката технологија и комуникација, како и напредни знаења за примена и развој на веб,  информациони системи и нивно управување, понатака знаења за дистрибутивните системи, дизајнот и имплементација на компјутерски мрежи, бази на податоци, софтвер инженеринг, и тн.

-Обезбедување на практични знаења за користење на компјутерските системи и информатичката технологија во секојдневниот живот и пошироко.

- Обезбедување на можности за споделување на меѓународното искуство и постојана научна надоградба.

Computer Science