Дипломатија и меѓународни односи

04. December. 2015 - 00:00


За реализација на студиската програма ангажирани се академски кадри од областа на дипломатијата и меѓународни односи.

Студиите од прв циклус на студии на студиската програма за дипломатија и меѓународните односи траат три (3) години. После успешното завршување на студиите, студентите се стекнуваат со диплома за завршени три годишни додипломски студии, и се стекнуваат со звање Дипломиран политиколог од  областа на Дипломатијата и меѓународна политика.

 

Цели

1. Студентите да се стекнат со знаења за институциите кои се вклучени во меѓународните односи.

2. Студентите да се стекнат со детални знаења за процесот на создавање на институциите и меѓународните организации.

3. Студентите да се стекнат со знаења за потеклото на дипломатијата и современиот развој.

4. Студентите да се стекнат со знаења за модерната геополитика на државите и пристапот на државите кон масовната глобализација.

5. Студентите да се стекнат со знаења за инструментите и правните средства  кои треба да се користат во процесот на преговарање при склучување на различни договори помеѓу земји/институции/организации.

 

Знаења кои студентите ќе ги поседуваат по завршување на студиската програма

• Студентите ќе знаат да ги класифицираат видовите на меѓународни организации.

• Студентите ќе бидат способни да разберат дека основата на секој меѓународен  однос е соработката.

• Студентите ќе поседуваат знаења за историскиот развој на дипломатијата и ќе имаат општи познавања за националната и меѓународната проблематика.

• Студентите ќе имаат акумулирано релевантни информации за меѓународното законодавство и дипломатскиот протокол.

• Студентите ќе имаат способност за критичко размислување и анализа.

 

Diplomacy