Додипломски студиски програми

30. November. 2015 - 00:00


Една академска година на Меѓународниот универзитет во Струга е поделена во 2 семестри. Секој семестар се состои од 14 недели настава, во рамките на кои се предвидени две колоквиумски недели,  за  првиот и  вториот колоквиум. Завршниот испит за предметите во зимскиот семестар се реализира во февруари, а за предметите од летниот семестар во јуни.

Студиските програми на додипломските студии на Меѓународниот Универзитет во Струга траат 3 години и носат 180 EКТС кредити, односно 60 кредити годишно.

Меѓународниот Универзитет во Струга нуди студиски програми на додипломски студии во многу области. Тие се дизајнирани така да им овозможат на студентите квалитетно образование и соодветен степен на флексибилност. Студентите кои ќе дипломираат се стакнуваат со знаења за бизнис менаџментот, администрацијата, финансиите, сметководството, банкарството, данокот, правото, социологијата, политичките науки, информатичката технологија, програмирањето, веб дизајнот, компјутерските мрежи, бази на податоци и други области.

 

Дипломирање

На крајот на шестиот семестар и со полагање на сите предвидени испити согласно со студиската програма, студентот се стекнува со стручно звање:

 

  • Дипломиран правник од областа на правосудни студи
  • Диплломиран правник од областа на криминалистика и детективи
  • Дипломиран економист од областа на економија и бизнис
  • Дипломиран економист од областа на маркетинг и финансиски менаџмент
  • Дипломиран политиколог од областа на дипломатија и меѓународни односи
  • Дипломиран инжинер по компјутерски науки

 

 

 

Bachelor