Јавна Администрација

04. December. 2015 - 00:00


Дипломираните студенти на студиската програма за јавна администрација ќе поседуваат знаења за различни области од правото, историјата, економијата и  специфични познавања од областа на уставното право и јавната администрација.

За реализација на оваа студиска програма се ангажирани академски кадри од областа на административните и уставните науки, како и од општите правни и економски науки.  

Студиите на прв циклус на студии на студиската програма за јавна администрација траат 3 (три) години. По успешното завршување на студиите, студентот се стекнува со диплома за завршени тригодишни студии од прв циклус на студии и се здобива со звање Дипломиран правник во областа на јавната администрација.

Цели

• Подготовка на студентите за развој на професионална кариера во јавниот, невладиниот и приватниот сектор;

• Развој на надлежности и управување со јавните институции, истражување, анализа на државната политика, управување со човечките ресурси, со профитни и непрофитни организации;

• Создавање на нова генерација на администратори и професионалци, кои ќе се подготвени да одговорат на предизвиците на европската интеграција;

• Обука за подготовка на студии од областа на реализација на економските политики, менаџментот и судството;

• Организирање на систем на институционална комуникација преку примена на  нови технологии;

• Поттикнување на критичкото размислување за концептот на компаративна јавна администрација, со ставање на акцент на историските и општествено-економските компоненти.

Достигнувања

Ангажирањето на студентите на научно-истражувачки проекти обезбедува можност за запознавање со секојдневни прашања и проблеми и за развивање на способности за разбирање на начините и пристапите на решавање на ваквите проблеми.

Дипломираните на оваа студиска програма имаат можност за вработување во амбасади и конзуларни претставништва, во институции на ЕУ, како и во Обединетите нации, во јавните институции на централно ниво (Влада, Претседателство и Парламент), во совет за јавна администрација, во меѓународни организации, итн..


Public Administration