Криминалистика и Детективи

30. November. 2015 - 00:00


 

Оваа студиска програма овозможува потесна специјализација на образованието од областа на правото.  За реализирање на програмата е ангажиран врвен академски кадар.

Студиската програма за криминалистика и детективи од прв циклус на студии трае три (3) години. По успешно завршување на студиите, студентот се стекнува со диплома за завршени додипломски студии од прв циклус и се стекнува со звање Дипломиран правник од областа на криминалистика и детективи.

           

Цели:

 

  • Студентите да се стекнат со основни знаења за концептот и клучните прашања од областа на криминалистика и безбедност.
  • Студентите да ја развијат способноста за користење соодветна терминологија и концепти од областа на криминалистика и безбедност.
  • Студентите да ги идентификуваат и анализираат проблемите поврзани со криминалистиката и безбедноста.
  • Студентите да бидат способни критички да ги анализираат проблемите од областа на криминалистика и безбедност.
  • Студентите да добијат практични вештини и знаења кои ќе им користат во развојот на нивната идна кариера од областа на криминалистика и безбедност.
  • Студентите да можат да го интегрираат знаењето акумулирано во организацијата, со цел донесување на правилни одлуки.
  • Студентите ефикасно да ги пренесуваат решенијата и знаењата.
  • Студентите да ги развијат личните вештини за комуникација и истражување.
  • Да се реализира мултијазична настава, преку промовирање на меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

 


Придобивки од завршувањето на студиската програма

  • Стекнување на основни знаења за криминалистичките техники и тактики;
  • Стекнување на детални знаење за предметот на проучување и специфични значења за криминалистичките техники и тактики;
  • Развивање на способност за критичко мислење;
  • Развивање на способности за анализирање и истражување на релевантни случаи од областа на криминалистичката техника и тактика;
  • Стекнување на одредени вештини за криминалистичките техники и тактики, кои се потребни за нивната понатамошна кариера;
  • Способност за презентирање на резултатите од истражувањето  и способност за работа во тим и вклучување во дебата;
  • Применување на теоријата во практични случаи од реалниот живот.

 


Criminalistics and Detective