Правосудни студии

30. November. 2015 - 00:00


За реализирање на програмата се ангажирани врвни академски кадри од областа на правото.

Студиите на прв циклус на студии на оваа студиска програма траат три (3) години. По успешното завршување на студиите, студентот добива диплома за завршени додипломски студии од прв циклус на студии, и се стекнува со звање - Дипломиран правник од областа на правосудни студии.

 

Цели

Целта на овие студии е студентите да се здобијат со општи познавања за законот,  кои ќе им служат како основа за понатамошна специјализација во различни области. На овој начин се овозможува студентите да се стекнат со знаења и разбирања за законот во негова  најширока смисла.

Целта не е студентите да се едуцираат за одреден специјализиран дел од законот, туку да се овозможи тие да ги разберат целите, принципите и инструментите на законот. Освен тоа се обезбедува и интердисциплинарно објаснување на законот, со кое се поврзуваат различни аспекти од областа на правото - законот во економски, социјален и историски контекст.

Освен  тоа, целта е студентите да се запознаат со меѓународното право и да можат да извршат споредба со националното право. Во овој контекст англискиот јазик е задолжителен предмет и  се изучува четири семестри.

Една од главните цели на оваа студиска програма е да се научат студентите да ги почитуваат етичките правни норми, директно да го применуваат законот и да го спроведуваат во  демократско општество.

Очекувани резултати во завршување на студиската програма:

 

Дипломираните студенти да имаат академски вештини со кои ќе се прилагодувааат кон потребите на пазарот, преку развивање на силни комуникациски вештини за усно и писмено изразување, кои вештини се неопходни за ефективна дисеминација и јасна анализа на законот, на мајчин и на странски јазик. Овие вештини се предуслов за развивање на успешна кариера во јавниот и приватниот сектор. Студентите да можат да користат специфични методологии кои ќе им овозможат да анализираат различни правни случаи и да ги решат истите.

Студентите да се стекнат со знаења од областа на меѓународното и европското право и да бидат способни да прават споредби на националното законодавство, да  толкуваат закони и да носат одлуки. Секој студент да биде во можност да спореди различни правни системи и да го разбере влијанието на законот врз различни  национални, европски и меѓународни прашања. Овие општи знаење ќе им служат  подоцна на студентите како добра основа за полагање на правосуден испит.

Студентите да бидат во можност да ја развијат свеста за поврзаноста на законот и правдата и нејзиното значење во демократското општество.

Студентите да се запознаат со концептот на законот и правдата и да ги имплементираат правните стандарди, заедно со демократските, човечките и етичките стандарди.

Jurisdiction