Факултет за Политички Науки

30. November. 2015 - 00:00


Факултетот за Политички науки претставува една од најреспектираните образовни и научни институции чија област на истражување се политичките науки. Основна цел е да создадеме подготвени и стручни политичари, премиери, амбасадори, пратеници и слично. Преку своите истражувања, образовни и јавни активности факултетот ги промовира демократските вредности, институциите, политичката култура, и ги презентира резултатите од најновите истражувања од областа на политичките науки.

На Факултетот за Политички науки предаваат реномирани професори, академици, дипломати и амбасадори со богато и долгогодишно искуство и работа не само во образовни институции, туку и на високи национални и меѓународни позиции.  

Од стратешка важност за Факултетот за Политички Науки е договорот за научна, културна соработка и двојни дипломи со една од најреномираните европски институции од областа на дипломатијата – Лондонската Академија за дипломати.

 

Со почит,

Декан на Факултетот за Политички Науки

Проф.др. Луан Хајдарага

 


Faculty of Political Sciences