Факултет за Информатичка Технологија

30. November. 2015 - 00:00


Факултетот за информатичка технологија е нова, динамична и високо конкурентна единица која функционира во рамките на МУС, и која е посветена на обезбедување на врвно теоретско и практично образование за своите студенти.

Образовни цели на Факултетот за Информатичка Технологија

Информатичката технологија е динамична, возбудлива и многу атрактивна научна дисциплина. Компјутерите претставуваат составен дел на секој аспект на општеството и неразделен дел од секојдневието на современиот човек. Новите информатички технологии се промовираат на повисок степен и одделот за компјутерски науки се развива и се менува многу брзо, промовирајќи се како најдинамичен елемент во современото општество.
Основната цел на Факултетот за информатичка технологија при Меѓународниот Универзитет во Струга е да им овозможи на студентите да се стекнат со стручни знаења од областа информатичката технологија, но и да им обезбеди основа за нивни личен,социјален и когнитивен развој.

Со завршување на студиите на Факултетот за информатичка технологија, студентите ќе се стекнат со знаења за принципите кои лежат во основата на развојот на  системите, ќе знаат како да ги применат тие знаења на конкретни проекти од реалниот живот, а ќе се стекнат и со знаења и вештини потребни за да се справат со промените во оваа динамична дисциплина.

Од особена корист за студентите се истражувањата кои се спроведуваат во просториите на МУС. Ова значи дека студентите не ги учат само основните работи поврзани со компјутерските науки, туку учат и теории и напредни техники кои се во фаза на ревизија. Од особена важност е и поттикнувањето на студентите да спроведуваат истражувачки активности, кои на крај завршуваат со изработка на дипломски труд.

Сите овие факти се доказ дека студентите кои дипломираат на МУС се добро опремени и подготвени познавањата кои ги стекнале за време на студиите да можат практично да ги применат во различни области на индустријата и академијата.

Факултетот за информатичка технологија има соработка со Одделот за компјутерски науки на American Heritage University, и со New York Универзитетот  во Скопје.

 

Декан на Факултетот за Информатичка Технологија

Проф.Д-р Гзим Селими

 



Faculty of Information Technology