Факултет за Економски Науки

30. November. 2015 - 00:00


Факултетот за Економски Науки кој функционира во рамките на Меѓународниот Универзитет во Струга организира настава согласно со светските стандарди и норми за квалитетно високо образование. Основната цел на Факултетот за Економски Науки е да се наметнеме како лидер во едуцирањето на економски кадри, не само во Република Македонија, туку и пошироко.

Поттикнати од желбата да им обезбедиме на нашите студенти образование според светските трендови, но и да привлечеме голем број на студенти од странство, нудиме студиски програми кои се изучуваат на англиски јазик. Тоа е особено важна и значајна придобивка за нашите студенти, кои на овој начин може да станат дел од програмите за размена на студенти и стекнување на двојни дипломи од најреномираните европски универзитети, со кои МУС има склучено договор за соработка и доделување на двојни дипломи.

Она по што е препознатлив Факултетот за Економски Науки при Меѓународниот Универзитет во Струга е непосредниот однос помеѓу академскиот кадар и студентите. Реализацијата на оваа идеја е овозможена  благодарение на силната посветеност на професорите и асистентите, кои несебично ги вклучуваат студентите во бројни научно истражувачки проекти, семинари, конференции и слично.

 

Со почит,

Декан на Факултетот за Економски Науки

Проф.д-р Армен Кадриу

 

Студиски порграми

Додипломски

Мастер

 


Faculty of Economics