Факултет за Правни Науки

30. November. 2015 - 00:00


Факултетот за правни науки има за цел да подготви врвни експерти од областа на правните науки, преку практикување на современи наставни програми во согласност со потребите и услугите кои се бараат во современата правна теорија и практика.

Основната цел на Факултетот за Правни Науки е студентите да се стекнат со знаења поврзани со стручните предмети, како и со знаења од други области кои се неопходни за квалитетно извршување на правна професија според современите барања на јавниот и приватниот сектор.

Факултетот за правни науки овозможува студирање на три студиски програми и тоа:

  • Правосудни студии;
  • Криминалистика и детективи;
  • Јавна Администрација.

Трите студиски програми се организирани според Болоњската Декларација и траат  3 + 2 години.

Предвидените предмети за првата година се исти за трите студиски програми, бидејќи целта е студентите да се стекнат со општи знаења од областа на правото. Во втората година започнува диференцирањето на предметите од студиската програма, со цел студентите да се стекнат со специфични знаења зависно од студиската програма на која студираат.  

Основната придобивка од функционирањето на Факултетот за Прави науки е тоа што се создаваат конкурентни правни кадри, кои се способни да одговорат на современите предизвици во регионот и меѓународната заедница.

 

Со почит,

Декан на Факултетот за Правни Науки

Проф.Д-р. Сејфула Османи

 

Студиски Програми

Додипломски

Мастер


Faculty of Law