THE HERITAGE

30. November. 2015 - 00:00


The Heritage е меѓународно научно списание, кое го објавува Меѓународниот Универзитет во Струга и кое е електронски достапно.

Списанието претставува форум каде се објавуваат резултатите од најактуелните истражувања, анализи и дебати од областа на правото, економијата, јавната администрација, меѓународните односи, политичките науки, јазиците, комуникациите, животната средина и друго .

Тhe Heritige има за цел да го поттикне научното истражување преку објавување на оригинални, дотогаш необјавени трудови кои подлежат на строга рецензија, која се врши од страна на уредниците на списанието од соодветната област.

Критериуми на списанието

Секој  материјал кој е објавен во научното списание " The Heritage " мора да биде во согласност со стандардите на албански, македонски и англиски јазик. Целиот ракопис, вклучувајќи го и апстрактот,  листата на референци и сите табели, треба да бидат со големина A4, со проред 1.5, со големина на фонт 12, Times New Roman. Трудот треба да  започне со насловна страница, која го вклучува насловот на трудот, името или имињата на авторот(ите), институцијата која се претставува, адреса за кореспонденција , e-mail адреса и 3 до 5 клучни зборови. На втората страна, треба да се стави  насловот на трудот и апстрактот, а потоа да се продолжи со содржината на трудот. Трудот треба да има 6 до 10 компјутерски страници. Трудот може да содржи фусноти на крајот од страницата или на крајот од текстот, но во секој случај мора да има референци. Авторите се советуваат да не употребуваат фигури. Ако веќе вклучуваат фигури, во тој случај истите треба да се достават во оригинални електронски копии во EPS, TIF или JPG формат со висока резолуција. Ако се вклучат и табели, истите треба да бидат обработени  во Word, а не во Excel.

Апстрактот треба да биде испратен или предаден на англиски јазик, без оглед на јазикот на кој ќе се пишува научниот труд.

Електронската верзија на секој број од списанието е објавена на официјалната интернет страници на Меѓународниот универзитет во Струга (eust.edu.mk или http://eust.edu.mk/Heritage/).

 

 

Главен Уредник:

Проф.Др  Мевлут Дудиќ

Заменик Уредник:

М-р. Сенада Лачка s.lacka@eust.edu.mk

Уредници за трудови од областа на економски науки

М-р Назмие Мерко  n.merko@eust.edu.mk

Проф.Др  Билјана Цигловска b.ciglovska@eust.edu.mk

Технички секретар:

М-р. Блерти Даути  b.dauti@eust.edu.mk

 


The Heritage