Мисија и цели на меѓународната научна конференција која ја организира Меѓународниот Универзитет во Струга

15. December. 2015 - 00:00


Меѓународниот Универзитет во Струга почнувајќи од 2014 година еднаш годишно организира меѓународна научна конференција.

Учесници на конференцијата се еминентни личности од Република Македонија, Албанија, Косово и Турција, научни работници и истражувачи од областа на економските, правните, политичките науки, информатичката технологија, образованието и други научни области.

Конференцијата има за цел да ја поттикне дебатата околу изнаоѓањето на најсоодветните модели на развој. Во таа смисла на конференцијата се промовираат новите алтернативни модели на развој, кои се ориентирани и се базираат на традицијата, технолошките иновации, резултатите од најновите истражувања и слично.

Конкурецијата е еден од најважните двигатели на развојот на современата економија. Оттука, посебно место на конференцијата заземаат научните трудови кои обработуваат теми кои се однесуваат на конкурентноста, развојот на конкрентските предности, ограничување на монополското однесување и слично. Сепак, животната средина не може и не треба да се злоупотребува во конкурентската војна за намалување на трошоците. Затоа посебно место на конференцијата зазема дискусијата околу општествената одговорност на претпријатијата, заштитата на животната средина и промовирањето на оддржлив развој. Се бара нов мoдел на развој кој ги поддржува конкурентноста и вредноста на човечкиот капитал, економскиот раст, почитувањето на животната средина и човековите права, правната сигурност, продуктивноста и социјалната хармонија.

Главна цел на Меѓународниот Универзитет во Струга не е само создавање и обезбедување на академски и професионален пристап во работата, туку и поттикнување на дискусијата за најзначајните предизвици денес – достигнување на оддржлив развој, подобрување на квалитетот на животот, како и воспоставување на оддржлива мрежа на комуникација помеѓу академици, научници, истражувачи и претставници од реалниот сектор.

Conference